The Cascades Golf Resort, Spa & Thalasso
- Egipet
- Crveno more
- Ras Abu Soma

- 43 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо The Cascades Golf Resort, Spa & Thalasso

Положба
Хотелот се наоѓа во лагуната Сома Беј, 45 км јужно од Хургада и аеродромот.

Сместување
Вкупно 159 соби, сите имаат балкон/тераса, LCD сателитска ТВ, мини-бар, клима уред, сеф.
- Стандардна соба (44 м², има делумен поглед на море),
- Делукс соба (44 м², има поглед на терените за голф или море
- Executive соба (44 м², има поглед на терени за голф, базен или море),
- Јуниор апартман (од 60-105 м², се состои од дневна соба и спална соба)
- Апартман (90 м², има дневна и спална соба).

Услуга
Се вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечера. Концептот вклучува закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Со доплата: телефон, услуга во соба, À la carte ресторани, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, перење, пеглање, паркинг. Wi-Fi интернет во собите е бесплатен.

Содржини
Главен ресторан The Gallery за шведска маса, À la carte ресторани - Seashell, The Spikes и Sobar. Хотелот нуди и неколку барови. Спа и велнес бањата се простира на 7.500 м² и има 65 простории за третмани. Сите третмани се со доплата.

Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа со бесплатен шатл - автобус на секои 5 минути. Плажата има мал дел со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел е област за капење со плитка вода. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори за сонце бесплатно.

Спорт и забава
Хотелот нуди теретана, сквош и тениски терен, базен, анимации, терени за голф (дизајниран од познатиот играч на голф Гери Плеер). Хотелот има и еден од најголемите и најдобро опремени спа центри. Со доплата: спортови на вода, осветлување на спортски терени, опрема за голф. Има игралиште за деца.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца