Albatros Jungle Aqua Park
- Egipet
- Crveno more
- Safaga

- 56 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Инфо Albatros Jungle Aqua Park

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Сал Хашиш, oддалечен 17 км од центарот и 10 км од аеродромот во Хургада.

Сместување
Вкупен број на соби-бунгалови 866 и тоа:
- Стандард бунгалов соби со поглед кон базените или градината.
- Фамилијарни бунгалов соби, со поглед кон базените или градината.
Сите соби се опремени со купатило со туш/када, фен, ТВ, клима уред, мини бар, сеф, електричен бокал, телефон, балкон или тераса.

Услуга
Сѐ вклучено појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, ужина, кафе и колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до 00:00, сладолед во одредени часови. Со доплата наргиле и се останато што е надвор од концептот.

Содржини
Хотелот има повеќе ресторани кои служат медитеранска, германска, мексиканска и ориентална храна, неколку барови, Wi-Fi интернет конекцијата на јавните површини е бесплатна. Со доплата: фризер, салон за убавина, сервис за перење, хемиско чистење, продавници, собна услуга, доктор, аптека, шопинг центар, сала за состаноци, такси услуга.

Плажа
Хотелот се наоѓа на 900 м оддалеченост од плажата (песочна) на хотелот ,, Dana Beach Resort” каде има приватен дел. Има бесплатен шатл превоз од хотел до плажа. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни.

Спорт и забава
Хотелот го има најголемиот аква парк во Хургада со базени за возрасни и деца и тоа 32 базени и 35 лизгалки на вода, различни активности -аеробик, водни вежби, анимациски програми во текот на денот и вечерта, клуб за деца и игралиште, тениски терен, фудбалски терен, мини голф, фитнес центар. Со доплата: спортови на вода,нуркање, пикадо, билијард, опрема за тенис, спа центар – турска и парна бања, сауна, масажа, видео игри.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа