Viva Blue Resort & diving sports

1. Egipet
2. Crveno more
3. Safaga
• Viva Blue Resort & diving sports
• 48 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Viva Blue Resort & diving sports

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Шарм Ел Наги, заливот Сома, на околу 35 километри од Хургада, и околу 18 километри од Сафага. Хотелот се наоѓа во рамките на националниот парк, на најатрактивниот дел од брегот за нуркање, недалеку од терените за голф The Cascade Golf Course (околу 4 км).

• Сместување

Хотелот располага со 107 соби и сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска, LCD телевизор, Wi-Fi интернет, чајник (во Супериор собите), фен, сеф.

• Стандардните соби се со големина од околу 45 м² и имаат страничен поглед на море и базен.
• Супериорните соби се со големина од околу 45 м² и имаат поглед на море
• Јуниор апартман е со површина од 70 м² и поглед на морето од три страни.

Се доплаќа: мини бар, телефон, услуга во соба.

• Услуга

Се вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења, по хотелски правила). Локалните алкохолни и безалкохолни пијалоци и закуски се вклучени во концептот. Хотелот има главен ресторан и À la carte ресторан, Pool Grill Bar. Има и барови - Лоби Бар, Вива Бар, Сан Сет Бар и Диверс Бар. Со доплата: À la carte ресторан, еспресо, цедени сокови, сладолед, милк шејк, наргиле, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци и се останато надвор од концептот All Inclusive.

• Содржини

Хотелот располага со два базени, амфитеатар, мала теретана, вечерна забава, Wi-Fi интернет, пинг-понг, одбојка на плажа, куглање, мини фудбал, ноќна програма во понеделник и четврток, перална, конференциска сала, лекар, продавници, аптека, лимузина. Билијард, нуркачки центар со доплата. Хотелскиот комплекс е достапен за лица кои имаат потреба од движење во инвалидска количка. *Хотелот е за лица над 16 години.

• Плажа

Хотелот има приватна песочна плажа со бесплатни лежалки и чадори за сонце.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Локација