Crystal Green Bay Resort & Spa

  • Crystal Green Bay Resort & Spa
  • 61 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Crystal Green Bay Resort & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Мугла на 18 км од аеродромот и 25 км од центарот на Бодрум.

  • Сместување

    Вкупно 291 соба, во главната и анекс зграда на 3 ката.

    Стандардни соби (20 м², сместени во главната или во анекс зградата, со поглед на градина, една спална со француски кревет, едно купатило со туш кабина, макс. 2 лица).

    Големи стандардни соби (23 м², една спална со француски кревет и една софа, едно купатило со када, во главна зграда, со поглед кон градина, шума или страничен поглед на море, макс. 2+1 дете).

    Стандардни соби со кревети на спрат (23 – 26 м², сместени во главна или анекс зграда, една спална со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило со туш, поглед кон градина или шума во главна или анекс зграда, макс. 2+2 деца).

    Фамилијарна соба (34 м², во главна или анекс зграда, со две спални соби поврзани со врата – во едната спална француски кревет, во другата два единечни, едно купатило со туш, 2 ТВ, поглед на градина или во шума, макс 2+2 или 3+1 дете).

    Фамилијарни соби со кревети на спрат (34 м², во главната или анекс зградата, 2 спални соби, едно купатило со туш кабина, 2 ТВ, поглед кон градина или шума, во главна или анекс зграда, макс. 3+2).

    Сите соби имаат клима, сеф, LCD TV и музички канали, купатило, мини бар (се дополнува еднаш дневно), дневно чистење на собата со замена на крпи и постелнина, влечки, фен, бесплатен интернет, телефон.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено – пијалок за добредојде, шведска маса за појадок и доцен појадок, ручек, вечера, полноќна закуска, со современ концепт од начин на приготвување на храната, вегетаријанска храна, детокс бар, детско мени, диететска храна, посебен дел за деца во главниот ресторан со детско мени, можност за подготовка детска храна, вечера во À La Carte ресторан (италијански или турски) еднаш за време на престој од 7 дена - бесплатно со претходна резервација, слаткарница со богат избор на колачи, торти и пецива, ресторан со брза храна, ѓозлеме, сладолед во одредено време од денот, локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар за пиво и безалкохолни пијалоци, сладолед и свежо цедени сокови од зеленчук и овошје во одредено време од денот, лоби бар, бар на плажа, диско клуб.

    За парови на меден месец посебна бесплатна услуга по пристигнувањето – брзо пријавување при сместување во соба, шампањ, овошје во соба, декорација на соба, посебна декорација во À La Carte рестораните, појадок во соба (еднаш за време на престој), бесплатно надградување на собата (повисока категорија, според достапност во хотелот).

    Храната и пијалоците што се на мени во баровите се бесплатни.

    Со доплата се свежо цедени сокови од овошје и зеленчук, флаширани пијалоци, специјални вина, шампањ, премиум пијалоци (со 10-12 год. стар виски и др), енергетски пијалоци, услуга во соба, рибен À La Carte ресторан, À La Carte ресторан  за престој од 6 ноќи и помалку, специјални јадења и настани организирани на одредени места во хотелот.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À La Carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс, слаткарница, ресторани / барови со брза храна, бар на плажа, Frozen and detox бар, лоби бар, диско бар.

    Со доплата се доктор, перење и хемиско чистење алишта, телефон, факс, продавници, и сѐ што не е наведено во концептот.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња, со сертификат за сино знаме и зона за непушачи. Има три дрвени платформи, соблекувални, туш на плажа. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Главен базен за возрасни и деца, аква базен и базен за возрасни (над 16 год). Green bay aqua парк, турска бања, сауна, парна бања, соба за релаксација, тенис, пикадо, аеробик, одбојка на плажа, пинг понг, мини фудбал, фитнес, јога и медитација, гимнастика во вода, табла, шах.

    Со доплата се масажи и третмани во СПА центарот, фризер, салон за убавина, осветлување за тениските терени и опрема, спортови на вода.

    Хотелот нуди целодневни активности за деца (игри, забава, натпревари) со специјално обучени тимови за деца 4 – 12 год. и 13 - 17.год, мини диско, мини кино, игралиште, мини базен и опрема, детски претстави.

    За возрасни има забави со DJ на барот на плажа, караоке, жива музика навечер, тематски забави, јога и медитација.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Спорт и забава
    • Пикадо
    • Сала за вежбање (Теретана)
    • Стрелаштво
    • Тенис
  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа
  • Ресторани и барови
    • Ресторан
  • Базени
    • Надворешен базен

Локација