Aria Resort & Spa Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• Aria Resort & Spa Hotel
• 80 слики
• Аква парк
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Aria Resort & Spa Hotel

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Конакли на 15 km од Аланија и 103 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 293 соби во две згради, меѓусебно поврзани со пат и тунел.

Стандардни соби (26 m², во А и В блокот, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, една софа, едно купатило, макс. 2+2 лица).

Фамилијарни соби (52 m², во блок В, две одвоени спални, едно купатило, само поглед на копно, макс. 4 лица).

Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима систем, телефон, мини бар (се дополнува со вода и минерална вода секој ден), сеф, електричен бокал, сателитска ТВ и музички канали, керамички плочки на подот или паркет, балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладне колачи, кафе, чај, ноќно мини бифе до 05.00 часот наутро, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 – 02.00. часот, сладолед во одредено време, бар покрај базен, бар на плажа од 10.00-18.00 ч само со локални безалкохолни пијалаци и пиво, À la Carte ресторан со претходна резервација еднаш за време на престојот.

Не се вклучени: увозни пијалаци кои што не се на менито, премиум пијалаци, специјални вина, пијалаци во лименка и шише, коктели, свежо цедени сокови, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан со турска и медитеранска кујна, бар покрај базен и во лобито.

Не се вклучени: Доктор, хемиско чистење, перење, изнајмување кола, чување деца, продавници дополнително.

Wi-Fi интернет конекција е бесплатна само во лобито.

• Плажа

Хотелска плажа со песок и камења. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Има платформа на плажата.

Павилјоните на платформата и на плажата се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен за деца и возрасни, лизгалки, фитнес соба, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг понг.

Не се вклучени: Спортови на вода, билијард, масажа и услуги во центарот за убавина дополнително.

Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот како и забава во вечерните часови. Мини детски клуб за деца од 4-12 години, мини диско во вечерните часови.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација