Aslan City
- Turcija
- Antalija
- Alanija

- 38 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Aslan City

Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија на 125км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 115 соби во една зграда.
- Стандардни соби (18 м², една спална и едно купатило, макс. 2+1 лице).
Сите соби се со приватно купатило и туш кабина и фен, систем за климатизација, мини бар (празен), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера. Локални алкохолни пијалоци (пиво, локално вино, водка, ракија) и безалкохолни пијалоци од 10 – 21ч. Не е вклучено: сите останати локални и увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, турско кафе, и сите пијалоци по 21ч, бар за закуски, храна и пијалоци во барот на плажа.
Содржини
Главен ресторан, бар на плажа (со доплата). Доктор на барање, услуга за перална, телефон, факс, изнајмување кола се со доплата. Интернетот е бесплатен во лобито на хотелот.
Плажа
Гостите може да ја користат приватната хотелска плажа (на Клеопатра плажата) 150м од хотелот. Чадори за сонце, лежалки и крпи за на плажа се со доплата. Чадорите и лежалките на базенот се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешен базен за возрасни и деца. Со доплата: фитнес соба, турска бања, сауна, пилинг, масажа, игри на вода.