Botanik Platinum Hotel
- Turcija
- Antalija
- Alanija
-
-
-
-
-
- 35 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Botanik Platinum Hotel
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Окурчулар на 32 км од Аланија и 90 км од аеродормот во Анталија. Бесплатен шатл сервис до Аланија, Сиде и Манавгат се достапни со резервација на рецепција.
-
Сместување
Вкупно 447 соби.
Стандардни соби (31 м², 1 спална соба со француски кревет и еден единечен кревет + софа 180x80, 1 купатило, макс.2+2лица).
5 соби за лица со попреченост.
Фамилијарни соби (43 м², 2 спални соби одвоени со врата, 1 купатило, макс.4+1 лице).
Собите се со приватни купатила со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, под од ламинат, мини бар (безалкохолни пијалоци, пиво, вода, крекери, чоколадо се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај на барање, сеф, ЛЦД ТВ сателитски и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
-
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневни закуски, торти, кафе, чај, сладолед, свежо цедени сокови, вечера, вечерни закуски.
Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар со вода, безалкохолни пијалоци, пиво, ореви и чоколадо се дополнува секој ден, À la Carte рестораните може да се користат со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот, вториот пат се наплаќа). Диететска и детска храна се достапни во главниот ресторан.
Не е вклучено: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, специјални вина и премиум пијалоци, флаширани пијалоци, повторно користење на À la Carte рестораните.
-
Содржини
Главен ресторан Park со шведска маса, À la Carte ресторани - Vivaldi (италијанска кујна), Sakuta (кујна од далечниот исток), Sabor (мексиканска кујна), Lebonan (либанска кујна), Risus (грчка кујна), барови во хотелскиот комплекс, диско клуб.
Доктор, фризер, перална, продавници, изнајмување кола, интернет кафе и компјутерски игри со доплата. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.
-
Плажа
Приватна плажа со камчиња. Крпи, лежалки и чадори за сонце на плажа се бесплатни.
-
Спорт и забава
Отворени базени (заедно со Botanik hotel), затворен базен (само за гости од хотелот), детски базени, Аква парк (заедно со Botanik Hotel), фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, тениски игралишта (со Хотелот Botanik), пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни. Опрема и часови за тенис, масажа, салон за убавина, билијард и компјутерски игри, куглање, спортови на вода и нуркачка школа се доплаќаат.
Забавни програми, натпреварувања, вечерни шоу програми, еднаш неделно турска вечер и еднаш неделно гала вечер. Мини клуб и луна парк (заедно со гостите од Хотел Botanik) за деца од 4-12 год.
Напомена: Сите базени (освен внатрешен), тениските игралишта и луна паркот се користат заеднички со Botanik Hotel & Resort.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца