Club Paradiso Hotel & Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• Club Paradiso Hotel & Resort
• 34 слики
• Аква парк
• Анимација
• Поволни цени
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 13,99 - бесплатно сместување
• 2 деца бесплатно
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Club Paradiso Hotel & Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кестел 7 км од центарот на Аланија и 130 км од аеродромот во Анталија. Хотелскиот комплекс е одалечен 900 м од плажата.

• Сместување

Вкупно 310 соби во главната зграда и 10 анексни згради.

• Стандардни Соби во Главната Зграда: (21 м², макс. 2 лица), сите други се наоѓаат во анексните згради.
• Супериор Стандардни Соби: (54 м², 1 дневна соба и 1 спална соба одвоени со врата, 1 купатило, макс.3+1 лица).
• Фамилијарна Соба Тип Б: ((60 м², 1 дневна соба и 2 спални соби, 1 купатило, макс.5 лица).
• Фамилијарна Соба Тип Ц: (63 м², 1 дневна соба и 3 спални соби со конектирачка врата, макс.6 лица).

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (само вода), сеф (со доплата), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ со музички канали, под со плочки и балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено - 24 часа храна и пијалоци. Шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, кафе, доцни закуски, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед, снек ресторани на плажа. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан, закуски на плажа, снек бар, бар покрај базен, лоби бар. Доктор, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, фризер, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi во лоби е бесплатно.

• Плажа

Приватна песочна и камчеста плажа на 900 м од хотелот. Лежалки и чадори за сонце бесплатно. Има бесплатен шатл сервис. Пешкири за плажа и базен се со депозит.

• Спорт и забава

Затворени и отворени базени за возрасни и деца, 5 водни лизгалки, фитнес центар, тениски игралишта, пинг понг, сквош, одбојка на плажа, одбојка, кошарка, мини голф, турска бања. Со доплата: спортови на вода, сауна, масажа, Спа и Велнес, билјард, осветлување на тениското игралиште и опрема. Анимации со професионален тим во текот на денот покрај базените и плажата, различни натпреварувања за деца и возрасни, навечер специјални шоу програми. Мини клуб за деца од 04 -12 год., детско игралиште, мини диско во вечерните часови.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација