Delphin Deluxe Resort
- Turcija
- Antalija
- Alanija

- 50 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Delphin Deluxe Resort

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Алара, Окурчулар на 32 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. Бесплатен шатл превоз од хотелот до Аланија, Манавгат и Сиде, со претходна резервација на рецепција.

Сместување
Хотелот има 1 главна зграда со стандардни соби и соседни згради со фамилијарни соби.
- Стандардни Соби: (27 м², 1 спална соба со француски кревет + единечен кревет + софа кревет, 1 купатило, макс 3+2 лица).
- Фамилијарни Соби: (43 м², 2 спални соби одвоени со врати, 1 купатило, макс. 4+1 лица).
Сите соби се со балкони, со страничен поглед на море или поглед кон копно, сопствено купатило со туш кабина, када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, ламинатен под, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, крекери, чоколадо се дополнува секој ден), сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција.

Услуга
Ултра сѐ вклучено систем – шампањ за добре дојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневни закуски и торти, кафе, чај, сендвичи, сладолед, свежо цедени сокови, вечера и полноќно бифе. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, турско кафе, бранч во неделите, À la Carte ресторани со претходна резервација (само 1 À la Carte ресторан во текот на една недела, вториот пат е со доплата), диетално бифе и детско бифе се достапни во главниот ресторан. Не е вклучено: премиум старо виски, бренди, старо вино и флаширани пијалоци, услуга во соба, и понатамошно користење на À la Carte ресторани.

Содржини
Главен ресторан Delphin – шведска маса, À la Carte ресторани – Ottoman barbeque (турска кујна), Mr. Fish (морска храна), Dolce Vita (италијанска кујна), China House (источна кујна), Tepenyaki (јапонска кујна), Margarita (мексиканска кујна), Mediterranean (медитеранска кујна), снек ресторани на плажата, за користење на тие ресторани потребна е претходна резервација. Барови низ целиот комплекс, служат локални и увозни пијалоци. Продавници, фризер, перална, доктор, изнајмување кола, компјутерски игри, како и играчницата се наплаќаат. WI – FI интернет конекција е бесплатнa секаде во хотелот.

Плажа
Приватна плажа со камчиња и платформа со песок на брегот. Пешкири, лежалки и чадори за сонце не се наплаќаат.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени, детски базени, базени за релаксирање, водни лизгалки, фитнес центар, сауна, турска бања, парна бања, џакузи, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо се бесплатни. Со доплата: опрема и часови по тенис, масажа, салон за убавина, билијард, куглање, соба за игри, спортови на вода и нуркачка школа. Анимација, натпреварувања, вечерни шоуа, секои 15 дена турска вечер, и секои 15 дена гала вечера. Мини клуб за деца 04-12 год. со отворено кино и забавен парк.
Веб страна на хотелот
Содржини

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца