Drita Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• Drita Hotel
• 31 слики
• Во близина на плажа
• Бесплатно WiFi
• Поволни цени
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• 2 деца бесплатно
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Drita Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Каргичак на 140км оддалечен од аеродромот во Анталија и 14 км од Аланија центарот. Во хотелот нема паркинг за автомобили. Исто така хотелот нема дискотека. Во хотелот има многу мачки. Ако имате каква било алергија или фобија од мачки ве замолуваме да ги земете во предвид овие информации пред да се одлучите за вашиот одмор во Хотел Дрита. Во лобито и ресторанот не е дозволено влез доколку сте мокри или во костим за капење.

• Сместување

Вкупно 199 соби.

• Стандардни соби (21 м², една спална, едно купатило, макс. 2+1 лице)
• Стандардни соби со кревети на спрат (21м², со кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 2+2 лица),
• Големи соби со кревети на спрат (30м², една спална со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, сите соби се со поглед на море, макс. 3+1 лица).

Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, систем за климатизација, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, ламинат под и балкон. Интернет конекција со ограничена брзина.

• Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, чај, кафе, вечера и доцна вечерта ужина. Барови: лоби бар, бар на базен и на плажа. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци 24 часа во лоби барот и во одредени часови во барот на базен и на плажа (од локални пијалоци само пиво), сладолед во одредено време во барот покрај базенот 16 – 18ч, бар за ужина и безалкохолни пијалоци на плажа од 11 до 16ч. бесплатно. Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед во барот на плажа, услуга во соба, коктели направени од увозни пијалоци во лоби барот и барот на базен.

• Содржини

À la Carte за секои 7 ноќевања резервација нашите гости добиваат бесплатна À la Carte вечера (во зависност од расположливи места). Ве молиме да направите резервација ден претходно. Главниот ресторан служи за шведска маса, Еден À la Carte ресторан со морска храна и турска кујна. Доктор на барање, фризер, перална, телефон се доплаќаат. Интернетот (ограничена брзина) во лобито и во собата се бесплатни.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок, карпи и камчиња (иматунел до плажата) со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои се бесплатни. Крпи за плажа се преземаат со картички за крпи.

• Спорт и забава

Надворешен базен со базен за деца, лизгалки, внатрешен базен (со греење), пин понг, фитнес, турска бања и сауна во одредени часови, одбојка. Со доплата: спортови на вода, спа центар, џакузи, масажа. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4 до 12 години, детско игралиште, различни програми во текот на денот и мини диско навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација