Granada Luxury Beach

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• Granada Luxury Beach
• 44 слики
• Наша препорака
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Фамилијарни
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Granada Luxury Beach

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Авсалар на 20км од Аланија и 101км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 382 соби.

• Стандардни соби (35 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет, и еден кауч, едно купатило, макс. 2+2 лица),
• Љубовни стандардни соби (35 м², еден француски кревет + кауч, едно купатило, макс. 2 лица),
• Сваровски апартмани (75 м², една спална со француски кревет + место за седење, едно купатило со џакузи, сите соби се со поглед на море, макс. 2+1).

Сите соби се модерно опремени со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, систем за климатизација, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво, вафли, грицки се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, интернет, керамички под и балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне, сладолед, торти, бифе за деца, вегетаријанско бифе, вечера, доцна навечер закуски, свежо цедени сокови само за појадок, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не е вклучено: сите луксузни и стари специјални пијалоци, увозни пијалоци кои не се на менито, усуга во соба, À la Carte рестораните се со претходна резервација и доплата, свежо цедени сокови (освен за појадок), витамински бар, сите флаширани пијалоци, наргиле.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, Red Fock À la Carte ресторан – интернационална кујна, лоби бар до 24ч. Барови покрај базен, бар на плажа и платформа, бар за ужина, диско бар, витамински бар. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет катче, фризер, шопинг центар, изнајмување кола се со доплата. Интернетот во главните простории и собите е бесплатен.

• Плажа

Хотелска плажа со камчиња и песок. Чадори за сонце, лежалки и крпи за плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа и платформата се со доплата и претходна резервација.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, Спа и Велнес центар, просторија за игри. Забавни програми со професионален тим за време на денот, вечерни шоу програми, жива музика, кино. Гранди мини клуб за деца од 4 до 12 години со специјални програми, кино, мини диско и различни натпревари.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Спорт и забава
• Ноќен клуб
• Пикадо
• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа
• Ресторани и барови
• Ресторан
• Базени
• Надворешен базен

Локација