The Lumos Deluxe Resort Hotel&Spa

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Alanija
  • The Lumos Deluxe Resort Hotel&Spa
  • 96 слики
  • 3 деца бесплатно сместување
  • Аква парк
  • Бесплатно WiFi
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Дете до 12,99 - бесплатно сместување
  • Песочно-камчеста плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо The Lumos Deluxe Resort Hotel&Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот е се наоѓа во областа Каргичак, на 155 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на Аланија.

  • Сместување

    Вкупно 331 соба.

    Стандардни соби (28 м², макс. 2+2 лица, една спална со еден француски кревет и два кревета на расклопување, едно купатило).

    Фамилијарни соби (50-60 м², две спални соби одвоени со врата и две купатила, макс. 4 лица + 1 дете).

    Делукс соби (32 м², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, џакузи на тераса, макс. 3 лица + 1 дете).

    Сите соби имаат купатило со туш кабина, фен, WRF клима, телефон, минибар (безалкохолни пијалоци и вода при пристигнување, а потоа се полни со вода и минерална вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска LCD TV и музички канали, ламинат на подот, балкон, WI-FI интернет конекција.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај, кафе, вечера, полноќна закуска.

    Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, бар со закуски, пијалоци и закуски на плажа во период од 10.00-18.00 часот, сладолед во одредено време, À la Carte ресторани со резервација два дена однапред и само еднаш за време на престојот.

    Увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, наргиле и витамински бар дополнително се наплатуваат.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, турски и рибен À la Carte ресторан, лоби бар, барови кај базенот и на плажа, диско клуб.

    Доктор на барање, фризер, перална, телефон, факс, интернет кафé и компјутерски игри се наплатуваат. WI-FI интернет е бесплатен насекаде во хотелот.

  • Плажа

    Хотелска плажа со песок и ситни камчиња, на околу 150 м од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалици на вода, турска бања, сауна, солена соба, пинг понг, фитнес центар, одбојка на плажа. Спортови на вода, СПА & салон за убавина, билијард, компјутерски игри дополнително се наплатуваат.

    Забавна програма во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 год, детско игралиште, различни програми и мини диско во вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација