Mylome Luxury Hotel & Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• Mylome Luxury Hotel & Resort
• 84 слики
• Аква парк
• Анимација
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Плажа со камчиња
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Mylome Luxury Hotel & Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Окурчалар на 33 км од Аланија и 90км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 456 соби.

• Стандардни соби (30 -35 м², спална соба, купатило, макс. 2 + 1 лице),
• Супериор соба со поглед на море (33 – 40 м², спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, купатило, макс. 3 лица),
• Супериор соби со директен пристап на базен (33 – 40 м², спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, купатило, директен пристап на базен, макс. 2+1 лица),
• Фамилијарни соби (50м², две спални соби – во едната има француски кревет, а во другата два единечни кревета, купатило, макс. 4 лица).
• Фамилијарни соби со директен пристап на базен (50м², две спални соби на кат – во едната има француски кревет, а во другата два единечни кревета, директен пристап на базен, купатило, макс. 4 лица).

Сите соби се опремени со приватно купатило со када или туш кабина, фен, централна клима која што работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво секојдневно се дополнуваат), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ со музички канали, ламинатен под, балкон или тераса, Wi-Fi интернет со слаба брзина.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, полноќни закуски, ран појадок, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои увозни пијалоци кои се служат само во одредени барови, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот (освен ресторанот Sekura), сладолед во одредено време од денот, бар на плажа. Не е вклучено: увозни пијалоци кои што не се на менито, специјални вина, премиум пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани (турски, азиски, италијански, рибен), барови во хотелскиот комплекс. Со доплата е доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интеренет кафе, продавници, изнајмување кола. Wi-Fi интернет во целиот хотел е бесплатно.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежални, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, теретана, турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терени, пинг понг, мини фудбал, фитнес. Со доплата се спортови на вода, масажа, билијард и компјутерски игри. Забавни програми и анимација во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, мини клуб за деца (4-12 год), игралиште, мини диско.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Спорт и забава
• Ноќен клуб
• Сала за вежбање (Теретана)
• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа
• Ресторани и барови
• Ресторан
• Базени
• Надворешен базен

Локација