Perre Delta Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• Perre Delta Hotel
• 23 слики
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Плажа со камчиња
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Perre Delta Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Окурчалар на 35 км од Аланија и 95 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 232 соби.

• Стандардни Соби: (30м², една спална, купатило, макс 2+2 лица).
• Економски Соби: (25м², една спална, едно купатило, соба без балкон, макс. 2 лица).
• Фамилијарни Соби: (40м², една голема соба со француски лежај и два одвоени кревети, макс. 4 лица).
• 2 Соби за Хендикепирани Лица

Сите соби имаат купатила со када, фен, клима уред кој работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода и негазирани пијалоци за време на пристигнувањето, потоа се доплаќа) , сеф со доплата, сателитска телевизија со музички канали, балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, чај, торта, вечера, закуска доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10-24 часот, сладолед во определни часови од денот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, сите видови флаширани и конзервирани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, пуканки, пијалоци во диско, услуга во соба, наргиле, сите пијалоци после 24.00 часот со исклучок на чај, кафе и вода се наплаќаат. Ottoman и рибниот À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата.

• Содржини

Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани со турска, италијанска кујна, ресторан за морска храна со различни менија, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, интернет кафе и компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI во лобито е бесплатно за користење.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со ситни каменчиња. Лежалки, чадори и пешкири се бесплатни.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен за деца и возрасни, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, одбојка на плажа не се доплаќаат. Со доплата: масажа, салон за убавина, осветлување за тениски терени, спортови на вода, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и плажа, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација