Saphir Resort & Spa

1. Turcija
2. Antalija
3. Alanija
• Saphir Resort & Spa
• 21 слики
• Аква парк
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Плажа со камчиња
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Saphir Resort & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Окурчалар на 33км од Аланија и 90км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 333 соби.

• Стандардни соби (30m², една спална со француски кревет + единечен кревет, макс. 2+2 лица),
• Фамилијарни поврзани соби (39m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица),
• Апартмани (43m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.5 лица ),
• Апартмани за меден месец (52m², една спална соба со француски кревет, дел за седење, едно купатило со џакузи, макс.2 лица),
• Quality соби со поглед на море (30m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).

Сите соби се со сопствено купатило со када, туш , фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови при пристигнување, потоа се надополнува само со вода), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали.

• Услуга

Сѐ вклучено плус - шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска закуска, ручек, попладневно кафе, колачи, чај, вечера, полноќна ужина, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во определени часови. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00- 24.00. Увозни пијалоци, свежо цедени сокови, турско кафе, сите флаширани пијалоци, лименки, услуга во соба се наплаќаат.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан – турски и италијански со претходна резервација и еднаш за престој од 7 ноќевања. Доктор, чување дете, фризер, перална, интернет, телефон, факс, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi Fi интернет во лобито е без доплата.

• Плажа

Хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки и чадори се бесплатни, крпи за на плажа се со депозит.

• Спорт и забава

Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни, 3 лизгалици на вода, тениско игралиште, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг, фитнес центар, сауна. Со доплата: спортови на вода, турска бања, масажа, СПА и центар за убавина, осветлување на тениско игралиште, билијард, соба со компјутерски игри, центар за нуркање. Забавни програми во текот на денот, натревари на базен и на плажа, вечерни забавни програми, кино на отворено за деца. Мини клуб за деца од 04-12 години.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација