TT Hotels Pegasos Resort

  • TT Hotels Pegasos Resort
  • 24 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо TT Hotels Pegasos Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Инчекум, регион Авшалар, 28 км од Аланија и 95 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 468 соби.

    Стандардни соби (25 м², една спална, едно купатило, макс. 2 + 1 дете),

    Стандардни поголеми соби (30,5 м², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лицa),

    Фамилијарни соби (52.5 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 3+1 дете).

    Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (само вода), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под, балкон, некои соби се без балкон.

  • Услуга

    Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, кафе и колачи во попладневните часови, вечера, вечерни ужинки.

    Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 01:00 часот, сладолед во одредени часови, À la Carte ресторани еднаш за време на престојот, со претходна резервација.

    Не се вклучени: увозни пијалоци, специјални вина, À la Carte ресторани (првото користење е бесплатно, секое наредно се наплаќа), флаширани пијалоци, лименки, свежо цедени сокови, услуга во соба, турско кафе, храна и пијалоци по 01:00 часот.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Saray – турска кујна, Spice – кујна од далечен исток и Prima Cuccina - италијанска кујна, лоби бар, бар покрај базенот и на плажа, диско бар.

    Доктор, чување дете, перална, хемиско чистење, фризер, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри се со доплата. Wi Fi интернет во лобито е без доплата.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Внатрешни и надворешни базени за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, тениско игралиште, одбојка на плажа, пинг понг.

    Со доплата: СПА и велнес центар, турска бања, сауна, масажа, спортови на вода, билијард и компјутерски игри.

    Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, вечерни забавни програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, мини диско.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација