Porto Bello Hotel Resort & Spa

1. Turcija
2. Antalija
3. Antalija (Grad)
• Porto Bello Hotel Resort & Spa
• 52 слики
• Наша препорака
• Во близина на центарот
• Наша препорака
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Плажа со камчиња
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Porto Bello Hotel Resort & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на познатата плажа Кониалти, 8км од центарот на Анталија и 20км од аеродромот.

• Сместување

Вкупно 346 соби.

• Стандардни соби (22м², макс.2+1 лица - една спална и купатило),
• Фамилијарни соби (54м², макс.4 лица - две спални одвоени со врата, едно купатило),
• 3 соби за хедикепирани лица

Сите соби се со балкон, купатило, када, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (се дополнува секој ден со вода), тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет конекција.

• Услуга

Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне кафе, чај и колачи, полноќна закуска, сладолед во одредени часови од денот, барот на плажа од 10.00 до 18.00 часот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 02.00 часот. Дополнително се наплаќаат: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, пијалоци во Диско клуб и Витамин бар, флаширани пијалоци.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - италијански и рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Продавници, сервис за перење и хемиско чистење, доктор, чување деца, услуга во соба, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во лоби и во соби.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на познатата кониалти плажа (има тунел под патот). Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, тениски игралишта, пикадо, фитнес, сауна, турска бања, одбојка на плажа. Билијард, осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, спортови на вода, масажа, Спа и Велнес центар дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 год.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација