Adam & Eve

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Adam & Eve
• 30 слики
• За парови
• Луксузен
• На плажа
• Теретана и СПА
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Наша препорака
• Ексклузивни
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Само за возрасни
• Отворен базен

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Adam & Eve

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35 km од аеродромот во Анталија и 45 km од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 476 соби (во главната зграда) и 68 Вили.

Делукс стандардна соба (64 m², страничен поглед на море, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, макс. 2  лица).

Делукс соби со директен поглед кон море (64 m², директен поглед на море, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, макс. 3 лица).

Ladies design соби (64 m², страничен поглед на море, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, соби со декорација само за женски гости, макс. 3 лица).

Romantic couples дизајнирани соби (64 m², страничен поглед на море, соби дизајнирани само за парови, макс. 2 лица).

Honeymooner design соби за меден месец (64 m², страничен поглед на море, една спална соба, купатило со туш кабина / WC, една соблекувална, дизајнирани соби со црвена постелнина само првиот ден, торта со логото на хотелот, пенливо вино, кошница со овошје и слатки, приоритет во À la Carte рестораните, задолжително прикажување на свадбен документ не постар од 90 дена, макс.2 лица).

Design апартман (120 m², една голема главна спална соба со француски кревет, уште една спална соба со два единечни кревети, две купатила, една соблекувална, 70 m² тераса, макс. 3 лица).

Кралски апартман (500 m², главна спална соба и уште две спални соби, една дневна соба, еден бар, една сауна, три купатила, три соблекувални, 192 m² тераса, макс. 6 лица).

Вили:

Дуплекс со директен пристап на базен - Duplex Swim up (175 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со единечен кревет, сауна, две купатила, соблекувална, swim-up тераса, макс.4 лица).

Eва Вила (200m², главна спална соба, помала спална соба, дневна соба, една сауна, две купатила, една соблекувална, swim up тераса, макс. 4 лица).

Адам Вила (175 m², главна спална соба, една дневна соба со единечен кревет, една сауна, две купатила, една соблекувална, swim up тераса, макс. 3 лица).

Претседателска вила (Вила за забава) (600 m², главна спална соба, уште две спални соби, една дневна соба, бар, кујна, две сауни, три купатила, три соблекувални, приватна градина 500 m² и приватен базен од 80 m², макс. 6 лица).

Сите соби во главната зграда се дизајнирани со епоксиден под и сите sидови се со огледала, така што секогаш можете да имате поглед на море или планина. Постои и дел за одмор кој што може да го дизајнирате како кревет или седечка гарнитура, француски кревети и има ролетни со кои може да бидете разделени од надворешноста.

Во собите за две лица има релаксирачка бања со светлечки рефлекти во боја. Посебна бања со туш кабина, фен за коса. Посебен плакар (соблекувална), LCD телевизор од 106 см, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци и пиво се надополнуваат секој ден) со мултифункционална маса, електричен бокал, сет со кафе и чај, централна клима што работи според временските услови, телефон, WI-FI (нормална брзина), балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено - појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и доцна ноќна ужина, мини бар (се полни секојдневно), сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед за време на ручекот и вечерата, диететско мени.

Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови (освен за појадокот), À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, макси бар во соба, Heaven moon - ВИП концепт за парови на меден месец, сепаре во Диско клуб и шоу центарот, специјална роденденска торта и цвеќиња.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Arrigato - јапонска кујна, Sark I - турска кујна, Mezes - морска храна, Steаk house ресторан, Basilico - италијански ресторан, Eros - афродизијак ресторан само за парови, Blind ресторан - вечера во темнина

Барови низ целиот хотелски комплекс, диско и ноќен бар.

Не се вклучени: Услуга во соба 24 часа, Доктор, изнајмување кола, перење алишта и пеглање, продавници, фризер, телефон, факс, интернет.

Wi-FI во целиот хотел (нормална брзина) бесплатно.

• Плажа

Приватна плажа од хотелот.

Лежалки, чадори за сонце, крпи за на плажа се бесплатни.

Павилјоните на платформата, плажата и покрај базенот се со претходна резервација и се доплаќаат.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен (не работи во лето), четири лизгалици на вода, фитнес центар, тениски игралишта, сквош, одбојка на плажа, пинг-понг, кошарка, мини фудбал, одбојка се бесплатни.

Не се вклучени: Сите други спортски активности, како спортови на вода, куглање, летање со падобран, часови за нуркање, симулација на голф, Paint ball, часови за тенис и осветлување за тениските терени, СПА и велнес центар.

Посебен забавен концепт, со настап на извонреден турски и светски познат диџеи, многу специјални настани и забави. Седум дена во неделата специјални програми.

Хотелот е реновиран во 2014 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација