Adora Resort
- Turcija
- Antalija
- Belek
-
-
-
-
-
- 18 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Adora Resort
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Белек на 39 км од Анталија и 29 км од аеродромот.
-
Сместување
Вкупно 500 соби во главна зграда и анекс зграда, и клуб дел во 10 2-катни бунгалови.
Стандардни соби со поглед на море (26-32 м²,во главна зграда, една спална соба со француски кревет и една софа, едно купатило, макс. 2+1).
Стандардни соби со поглед на шума (26-32 м², во анекс зграда, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет или 3 единечни кревети, едно купатило, макс. 2+1).
Фамилијарни Дуплекс соби со поглед во градина (36 м², во анекс зграда, на кат една спална соба со купатило, макс. 4 лица и на долниот кат 2 единечни кревети, купатило,макс.4 лица).
Клуб соби со поглед на градина (30 м², лоцирани во градината, една спална соба со француски кревет и една софа, едно купатило со туш кабина, макс.2+1).
Сите соби се со балкон, приватно купатило со када (клубските соби се со туш) и фен, влечки, централен клима, телефон, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), сеф, тепих на под (керамички под во клуб собите), сателитска телевизија и музички канали.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, сладолед во одредено време, вечера, полноќна закуска, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-02.00 часот.
Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, свежо цедени сокови (освен за појадок), сите флаширани пијалоци, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, собна услуга.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани, барови во хотелскиот комплекс. Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет на јавните места во хотелот е бесплатен.
-
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни крпи, лежалки и чадори за сонце. Павилјоните на плажата и на платформата се со доплата.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени, детски базени, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг – понг, одбојка на плажа, гимнастика, тениско игралиште. Спортови на вода, СПА центар и третмани, масажа се со доплата. Забавни програми дневни и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 – 12 години, детско игралиште и анимација во текот на денот. Мини диско навечер.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца