Dobedan Exclusive Hotel and Spa

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Dobedan Exclusive Hotel and Spa
• 111 слики
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Dobedan Exclusive Hotel and Spa

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 728 соби распоредени во главна зграда и Делукс згради.

Стандардни соби (27м², во главна зграда со една спална со француски кревет или два единечни кревета + дополнително легло, едно купатило, макс.2+1 лица)

Делукс стандардни соби (27-30 м², во делукс зграда, со една спална соба со француски кревет + дополнително легло, едно купатило, макс.2+1 лице)

Четворокреветни соби (30 м², главна зграда, голема стандардна соба со француски кревет + кревети на спрат, макс.3+1 лице)

Делукс четворокреветни соби (48 м², делукс зграда, голема стандардна соба, макс.2+1 лице)

Фамилијарни соби (41 м², главна зграда, две спални разделени со врата, едно купатило, макс.4 лица)

Делукс фамилијарни соби (41 м², делукс зграда, две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица)

Фамилијарни соби со кревети на спрат (41 м², главна зграда, две спални одвоени со врата, во едната спална има кревети на спрат, едно купатило, макс.3+2 лица)

Делукс апартман со една спална соба (60 м², во во делукс зграда, една спална соба одвоена со лизгачка врата од дневната соба, едно купатило со џакузи, макс. 2 лица)

Executive Suit (77 м², лоцирани во делукс зграда, една спална соба одвоена со лизгачка врата од дневната соба, едно купатило со џакузи, макс.2 лица)

Јуниор апартман (48 м², во делукс зграда, една спална со француски кревет, една дневна соба, едно купатило, макс.2 лица )

Султан апартман (81 м², во главна зграда, две спални соби, една соба за дневен престој, две купатила со џакузи, макс.4 лица)

Royal апартман (100-125 м², во делукс зграда, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица)

Madonna апартман (175 м², лоцирани во главна зграда со директен поглед на море, една голема соба со два француски кревети, американска кујна со трпезариска маса, купатило со џакузи, сауна, макс.2 лица)

Presidental апартман (180 м², во главна зграда, голема тераса, директен поглед на море, две спални соби, една дневна соба, купатило со џакузи, макс.4 лица).

Сите соби се со купатило со туш кабина, бањарка, влечки, фен, централна клима, телефон, сеф, мини бар (сокови, вода и пиво, се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, ламинатен под, балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - 24 часовна услуга на храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и полноќни закуски, детско бифе, храна за бебиња и можност за користење на блендер и микробранова, диететско бифе, пијалок за добродојде.

Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, чај, кафе, свежо цедени сокови за време на појадок, сладолед во одредено време од денот. Снек бар на плажа од 10.00-18.00.

Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални локални и увозни вина, енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, наргиле.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, мени за деца, диететско мени, ресторан покрај базен, À la Turca Snack и бар на плажа, À la Carte ресторани (италијанска кујна, азиска и од Далечен Исток, француска кујна, медитеранска кујна и рибен ресторан, Steak House) се со претходна резервација и со доплата. Барови околу хотелскиот комплекс.

Не е вклучено: Доктор, телефон, факс, чување деца, компјутерски игри, фризер, перална, продавници, изнајмување коли дополнително.

Бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотел.

• Плажа

Приватна  плажа со песок и ситни камчиња.

Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа и базен се бесплатни.

Приватни ВИП павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк (посебно за возрасни и деца), мини базен на плажа со морска вода за деца, фитнес, турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, мини голф, мини фудбал, кошарка, одбојка, одбојка на плажа.

Не е вклучено: Салон за убавина, Велнес и Спа центар, спортови на вода, осветлување на тениските игралишта, часови за тенис, куглање, билијард, компјутерски игри дополнително.

Забавна програма подготвена од професионален тим. Програмата се менува секој ден во текот на две недели. Разни натпревари во текот на денот, навечер шоу програми.

Мини клуб за деца од 4-12 год организиран од професионален тим во текот на денот и во вечерните часови.

Хотелот е реновиран во 2020 год (собите во главната зграда и во главните делови).

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација