Calista Luxury Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Calista Luxury Resort
• 80 слики
• Опкружен со зеленило
• Луксузен
• За деца
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• 2 деца бесплатно
• На плажа
• Наша препорака
• SPA & Wellness
• Песочна плажа
• Аква парк
• Анимација
• Бесплатно WiFi
• Наша препорака
• Ексклузивни
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни
• Теретана

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Calista Luxury Resort

• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек, 27 km од аеродромот во Анталија и 35 km од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 598 соби во седум хотелски блока.

Супериор соби (52 m², една спална соба со француски кревет, дополнителни кревети, купатило, макс. 3 лица + 1 бебе).

Соби за лица со попреченост

Дуплекс соби (на најгорните катови во секој блок, 80 m², на првиот кат има дневна соба со 2 софи, купатило, а на вториот кат една спална со француски кревет, купатило, макс 3 лица +дете, нема врата помеѓу катовите).

Фамилијарни соби (84 m², лоцирани во Блок 2 и само со поглед на градина, две спални соби одвоени со врата, една спална соба со француски кревет, другата со два единечни кревети, две купатила со када, макс.4 лица +2 деца).

Фамилијарни конектирани супериор апартмани (104 m², две спални соби поврзани со врата, две купатила, макс. 6 + 1 дете).

Корнер апартмани (70 m², една спална соба, една дневна соба со опција за два единечни кревети, одвоени со врата, купатило со џакузи и туш, голема тераса или балкон макс. 3 лица + дете).

Претседателски апартман (160 m², поглед на море, една голема спална соба, една гостинска спална соба со посебен влез, дневна соба со дел за седење и терпезариски дел, гардеробер, гостински тоалет, едно купатило со џакузи и туш, друго купатило со када и туш, голем балкон, батлер, макс. 4+1 дете).

Кралски апартман (240 m², ходник, дневна со трпезарија, гостински тоалет, кујна, две спални соби, едно купатило со џакузи и туш, едно купатило со када и туш, голем балкон, батлер, макс. 4+1 дете). Сите соби се со посебни купатила со туш и када, фен, бањарка, влечки, централна клима, телефон, минибар (секој ден се дополнува со сокови, вода, чоколадно млеко, апетисани, енергетски пијалаци и пиво), електричен бокал, сет за кафе и чај, пегла и даска за пеглање, сеф, смарт HD ТВ со сателитски канали, интернет, балкон или тераса.

Хотелскиот комплекс има и 14 вили:

10 Твин вили (150 m², на прв кат има дневна со трпезарија, тераса и базен, а на вториот кат две спални соби со купатила, џакузи, балкон, батлер сервис, макс. 4 + 1 дете).

3 Единечни  вили (300 m², на првиот кат има дневна со трпезарија, работна соба, кујна, спална соба со купатило со џакузи, тераса и приватен базен (доплата за загревање на базенот, на вториот кат има три спални соби - две со француски кревет, една со единечни кревети, три купатила со џакузи, балкон, батлер сервис, макс. 8 лица+ бебе).

Вила ЛЕО - 1500 m², има 3 блока: ПРВ БЛОК – прв кат: дневна соба со LCD TV, трпезарија, работна соба, салон, домашно кино, бар, тераса и приватен базен (се доплаќа за загревање на базенот), втор кат: салон, 4 спални соби со LCD TV, купатила со џакузи, балкон; ВТОР БЛОК – прв кат: кујна, бар, соба за хоби со билијард и LCD TV, втор кат: 4 спални соби со LCD TV, купатила со џакузи, балкон. ТРЕТ БЛОК – прв кат: VIP SPA – турска бања, сауна, парна бања, џакузи, шок туш, и соби за масажа, втор кат: дневна соба со трпезарија, една спална соба со LCD TV, купатило со џакузи, батлер, макс. 18 лица + бебе.

• Услуга

Ultra Сѐ Вклучено – 24 часа храна и пијалаци - висок квалитет на услуга во сите ресторани, шведска маса, храна и сите пијалаци вклучени во услугата. Еднаш  бесплатно користење на À la Carte ресторани (Timo, Turca, Sakura) за гости со мин. 7 ноќевања престој.

Не се вклучени во цената: Премиум виски, специјални локални и увозни вина, À la Carte ресторани, услуга во соба 24ч, VIP ресторан, пури. За гостите во претседателскиот, кралскиот апартман и во вилите има посебен VIP концепт.

• Содржини

Рестораните се отворени за сите гости – Bellum (главен ресторан), Sakura (азиска кујна), Timo (италијанска кујна), Turca (турска кујна),  Elegance ресторан– бесплатен за гостите од вилите. Ресторан покрај базенот, снек бар на плажа.

Само за гостите во вили: VIP ресторан, експресно пријавување и одјавување во хотел, батлер, бизнис услуги, 24 ч услуга во соба, консиерж, перење и пеглање, секојдневно овошје, колачи, вино во соба.

За гостите во VIP вили и за сите други гости со доплата се: доктор, чување деца, услуги за перење и пеглање, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола, количка за деца, изнајмување лап-топ, DVD плејер и филмови. Интернет конекцијата во цел хотел е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.

Павилјоните на плажа и лежалките на платформата се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен за деца и возрасни, полуолимписки базен, аквапарк, турска бања, сауна, парна бања, соба со снег, џакузи, тениски игралишта, фитнес центар, одбојка, кошарка, одбојка на плажа.

Не се вклучени во цената: Масажи, салон за убавина, SPA центар, нега на кожа, спортови на вода, часови по тенис, осветлување за тениските игралишта, куглање, компјутерски игри, играчница, интернет кафе, билијард дополнително.

Забавни активности преку ден, на базен и плажа и вечерни шоу програми, музика во живо, специјални вечери, кино, диско. Мини-клуб за деца од 0г до 17г, организирани во групи по возраст со разни програми во текот на денот и вечерните часови.

Специјален дел за бебиња каде што бесплатно се достапни стерилзатор на пареа, апарат за затоплување шишња, микробаранова, цедалка за овошје блендер, бебешко столче за јадење, нокшир, седиште за автомобил (на барање).

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Клуб за деца

Локација