Cesars Temple De Luxe

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Cesars Temple De Luxe
• 45 слики
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Cesars Temple De Luxe

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 286 соби во главна зграда и 313 соби во вили.

• Стандардни соби (22-26 m², една спална, купатило, макс.2+2 деца),
• Вила фамилијарни соби (35m², во градина, една спална соба со француски кревет и кревет на спрат, купатило, макс. 2+2 лица).
• Фамилијарен апартман (50m², во главна зграда, една спална соба со француски кревет, две софи во дневна одвоена со врата, купатило, макс. 4+1 лице).
• Вила фамилијарни поврзани соби (70m², во градина, две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 4+2 лица).

Собите имаат балкон, сопствено купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, минибар (вода, минерална вода, сокови се дополнуваат дневно), сеф, сателитска ТВ со музички канали. Вила собите се со поглед на градина, имаат туш кабина, фен, клима уред, мини бар, електрично ѓезве, сет за кафе и чај, сеф, телефон, керамички под, сателитска ТВ со музички канали.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, торти, чај и кафе, вечера, доцна ужина. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, некои увозни алкохолни пијалаци, À la Carte ресторан со претходна резервација и само еднаш за време на престојот, ужини. Увозни пијалаци кои не се на менито, специјални вина, флаширани пијалаци, некои специјални вискија, шампањ, свежо цедени сокови, сите алкохолни пијалоци после 02ч во лоби барот дополнително се наплатуваат.

• Содржини

Главен ресторан – шведска маса, À la Carte ресторани: BBQ – турска кујна, Папус – рибен ресторан, Лос Амигос – мексиканска кујна, барови на различни локации низ хотелскиот комплекс, доктор, фризер, чување деца, изнајмување кола, услуги за перење и пеглање, продавници, интернет кафе дополнително се наплатуваат. Интернет конекцијата е бесплатна низ цел хотел.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа не се наплатуваат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, лизгалки, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, тениски игралишта, пинг понг, кошарка, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, мини голф. Водни спортови, осветлување за тениски терени, часови по тенис, масажа и џакузи, билијард, соба за игри, SPA центар дополнително се наплатуваат. Забава преку ден на базен и плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4г до 12г со разновидна програма во текот на денот и во вечерните часови.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација