Cornelia Azure Villas

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Cornelia Azure Villas
• 15 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Cornelia Azure Villas

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек, 35km од аеродромот во Анталија и 45km од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 33 вили со сопствен ресторан, базен со морска вода, гостите на овие вили можат да ги користат услугите на Cornelia Diamond Golf Resort.

• Азурна вила двоспратна со 2 спални соби 180 m² - 230m², две спални соби, дневна соба, две купатила (едно со џакузи), мини кујна, тераса со лежалки и чадори за сонце покрај базен.
• Азурна вила со 3 спални соби 220m² - 310m², три спални соби – секоја со посебно купатило, дневна соба, мини кујна, џакузи, тераса покрај базенот.

Сите вили се со мермерен под и тепих, телефон, интернет, централна клима, сеф, мини-бар, сателитска ТВ, музички систем. Гостите на овие вили имаат VIP третман, можат да го користат Азур – ресторанот, и барот и содржините во Cornelia Diamond Golf Resort. Гостите на овие вили имаат VIP третман, можат да го користат Азур – ресторанот, и барот и содржините во Cornelia Diamond Golf Resort.

• Услуга

Сѐ Вклучено – шампањ за добредојде и свежо цеден сок на пристигнување, чинија со овошје во сите соби при доаѓање. Шведска маса за ран појадок, појадок, ручек, ужина во текот на денот, вечера, ужина доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цеден сок, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), собна услуга од менито. Премиум пијалаци, увозни и некои стари домашни вина, енергетски пијалаци, наргиле, пури, À la Carte ресторан со претходна резервација (деца под 7 години не се прифаќаат во рестораните), специјално мени со скара, батлер дополнително се наплатуваат.

• Содржини

Главен ресторан – шведска маса, À la Carte ресторани: Сапоре – медитеранска кујна, Сумак – турска кујна, Локанта – турска и отоманска кујна, Таи Пен – источно азиска кујна, Форест Паб – јужно американска кујна, Фиш и Лов – Рибен ресторан, Бабл Френч – француска кујна, Скара, Бабл Голд VIP – VIP ресторан, 10 барови околу целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, перење и пеглање, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплатуваат.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа, Лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа не се наплатуваат. Приватни павилјони на плажа дополнително се наплатуваат.

• Спорт и забава

Отворени базени за деца и возрасни, лизгалки, турска бања, сауна, тениски игралишта, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, немоторизирани спортови на вода. Моторизирани спортови на вода, куглање, билијард, осветлување за тениски терени, часови по тенис и опрема, SPA центар, голф терен дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот со натпреварувања и вечерни шоу програми. Diamond Party на секои две седмици. Мини клуб за деца со тим за анимации и програми за деца од 4г до 17г

• Веб страна на хотелот

Локација