Cornelia De Luxe Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Cornelia De Luxe Resort
• 63 слики
• Опкружен со зеленило
• За деца
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• Теретана и СПА
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Наша препорака
• Ексклузивни
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Cornelia De Luxe Resort

• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 km од аеродромот и 45 km од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 358 соби, распоредени во главна хотелска зграда и анекс зграда во градина лоцирана позади главната зграда.

Стандардни соби (30 m²- 40 m², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Фамилијарни соби (55 m², дуплекс, две спални соби одвоени со врата, две купатила, без балкон, макс. 4 лица).

Делукс апартман (во главна зграда – 100 m², дневна соба, спална соба, купатило, туш, џакузи со поглед на море, макс. 4 лица).

Гранд делукс апартман (во главна зграда – 120 m², голема дневна соба, голема спална соба, купатило, џакузи, поглед на море, макс. 4-7 лица, со дополнителни легла за дополнителни 2 лица, директен поглед на море).

Сите соби се со сопствени купатила со када, фен, бањарки, влечки, централна клима, телефон, тепих на подот, сеф, мини-бар (вода, минерална вода, сокови, пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ со музички канали, Wi-Fi интернет.

Cornelia Garden соби: Стандардни (35 m² - 40 m², макс. 3 лица). Сите стандардни соби се наоѓаат во анекс зградата со поглед на градина, со плочки на подот и се опремени како хотелските соби.

Вила Јуниор Апартман (50 m², една дневна соба, една спална соба, не се одвоени со врата, купатило со џакузи, директен пристап до базен преку тераса, поглед на градина, макс. 3 лица).

• Услуга

Делукс сѐ вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалаци, шампањ, свежо цеден сок од портокал и чинија со овошје за добредојде во соба, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, колачи, сладолед, закуски, детско мени, услуга во соба (според менито од 22:00-07:00 часот е бесплатно со исклучок на алкохолни пијалаци), мини бар со сокови, пиво и вода се дополнува секој ден, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цеден сок за време на појадокот, ручекот и вечерата.

Не се вклучени: луксузни и специјални виски, вина, коњак, некои шампањи, енергетски пијалаци, флаширани пијалаци, À la Carte  ресторани со претходна резервација и со доплата (не е дозволено за деца под 7 години), наргиле.

• Содржини

Главен ресторан Cornelius – шведска маса, À la Carte  ресторани: Hedera (медитеранска кујна), Florian (италијанска кујна), Tai Pen (кујна од Далечниот Исток), Sofa (француска кујна), скара во градина два пати во неделата, барови на повеќе различни места низ хотелскиот комплекс кои служат алкохолни и безалкохолни пијалаци.

Не се вклучени: Продавници, фризер, салон за убавина, доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри.

Wi-Fi интернет конекцијата во хотелот е бесплатна.

• Плажа

Приватна хотелска песочна хотелска плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени, детски базени во мини клубот, детско игралиште, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, џакузи, тениски терени, пинг понг, одбојка, кошарка, одбојка на плажа, качување по ѕидови.

Не се вклучени: Осветлување за тениски терени, опрема за тенис, часови по тенис, масажи, SPA центар, куглање, соба за игри, терени за голф, водни спортови.

Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, гала вечери, забави во градина. Мини-клуб за деца од 4г до 12г, детски ресторан со специјално мени, програми и забава за деца во текот на денот, детско игралиште, диско за деца.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација