Gloria Golf Resort

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Belek
  • Gloria Golf Resort
  • 45 слики
  • Наша препорака
  • Опкружен со зеленило
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Анимација
  • Бесплатно WiFi
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • На плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Gloria Golf Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Белек на 50 км од Анталија и 42 км од аеродромот.

  • Сместување

    Вкупно 515 соби.

    Стандардни соби во главна зграда (24 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2 + 1 лице).

    Стандардни соби - зграда во градината (24 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2 + 1  лице).

    Јуниор апартман (35 м², во главната зграда и во зграда во градината, една голема соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 3 лица).

    Апартмани (42 м², во главна зграда, една спална соба со француски кревет, една дневна соба со софа, едно купатило, макс.3 + 1 лице).

    Кралски апартман (150 м², во главна зграда ,две посебни спални соби, една дневна соба, две купатила – едното со џакузи, макс. 3 + 1 лице).

    Фамилијарни апартмани (60 м², во зграда во градината, две посебни спални соби, две купатила, заеднички  базен, макс.3 + 1лице).

    Вили:

    Gloria Villa (70 м², во  градината, на приземје или први кат, две спални соби, дневна соба и две купатила, макс.4 + 1 лице).

    Executive Villa (80 м², во градината, две посебни спални соби, дневна соба со кујна без опрема, две купатила, макс.4 + 1 лице).

    Owner Villa (190 м², три спални соби со купатило, џакузи во главното купатило, дневна соба, сауна, тераса со џакузи, отворен приватен базен).

    Сите соби се со балкон или тераса, со поглед кон река или градина, приватно купатило со када или туш кабина, фен, бањарки, влечки, систем за климатизација, телефон, тепих или ламинат, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, чипс, бисквити се надополнува секој ден), сеф, LCD телевизор со сателитски канали, WI-FI интернет, балкон или тераса.

  • Услуга

    Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек и вечера, закуски во текот на денот, слаткарница, бар со закуски на плажа, сите домашни и стандардни увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација (два дена претходно, еднаш во текот на престојот) (италијанска, шпанска и интернационална кујна).

    Не се вклучени: специјални увозни пијалоци, луксузен шампањ, старо виски, специјални стари вина, пури, услуга во соба, À la Carte ресторани Greek и Turkuaz, храна и пијалоци во Gloria Golf Club.

  • Содржини

    Главни ресторани Anatolia и Mosaic, À la Carte ресторани- L’Ancora- италијански ресторан, Harem - интернационален ресторан, Pascado – шпански ресторан, Greek À la Carte ресторан, Galeon À la Carte - рибен ресторан, Turkuaz - турска кујна, лоби бар, Cofee Glora, Oasis Lounge бар, бар на плажа и базен, голф клуб ресторан.

    Продавници, фризер, доктор, чување деца, 24-часовна услуга во соба, перење и хемиско чистење, изнајмување автомобил, телефон, факс, интернет, специјална продавница за голфери. Wi-FI (мала брзина) бесплатна во целиот хотел.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа. Крпи, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

  • Спорт и забава

    Отворен и затворен базен, отворен полуолимписки базен, Аква парк, детски базени, фитнес центар, сауна, турска бања, масажа, џакузи, тениски терени со осветлување.

    Со доплата: СПА и Велнес центар, користење терени за голф, спортови на вода, куглање, билијард и компјутерски игри, објекти во Глорија Спорт Арена.

    Забава во текот на денот и во вечерните часови специјални програми. За децата многу убаво украсено место, Gogi клуб - од 1 - 17 години поделено во возрасни групи, со детски базен, игралиште, игри зи кино, со стручен професионален тим, организирани забава за деца во различни возрасни групи во текот на целиот ден. Простор за подготовка на бебешка храна во Gogi клуб кујна.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација