Kaya Belek

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Kaya Belek
• 39 слики
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Kaya Belek

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 29 км од аеродромот во Анталија и 36 км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 506 соби.

• Стандардни Соби: (20-30м², една спална и купатило, макс.2+2 лица).
• Апартмани: (50м², една дневна, една спална и купатило, макс.3+1 лица).
• Соби за Хендикепирани лица

Сите соби се со балкон, купатило со туш, када, фен, централна клима која работи според временските услови,тепих, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода, минерална вода и сокови), сеф (се доплаќа), сателитска ТВ и музички канали. Wi-Fi со слаба брзина.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна ужина, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци и стандардни увозни алкохолни пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот. Луксузните пијалоци, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци и специјални вина, услуга во соба дополнително се наплатуваат.

• Содржини

Главен ресторан - шведска маса, À la Carte ресторани – азиски, италијански, скара барови, турски ресторан и барови на различни места околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, салон за убавина, продавници, изнајмување кола, телефон, факс, интернет и компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет конекција во целиот хотел е бесплатна (слаба брзина).

• Плажа

Приватна песочна плажа со бесплатни чадори за сонце, лежалки, пешкири и душеци на плажа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени, базени за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, тениски игралишта (Acrylic courts), пинг понг, кошарка, одбојка. Осветлување на тениските игралишта, опрема и часови, тениски игралишта (Red clay courts), фудбалски терени, терени за голф (во близина на хотелот), масажа, салон за убавина, спортови на вода, јавање коњи дополнително се наплатуваат. Забавна програма за возрасни во текот на денот и шоу програм во вечерните часови. Мини клуб за деца од 04-12 год. и Јуниор клуб од 13-16 години.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација