Kempinski Hotel The Dome

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Kempinski Hotel The Dome
• 20 слики
• Наша препорака
• SPA & Wellness
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Модерен и Луксузен
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана
• На плажа

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Kempinski Hotel The Dome

• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек, на 25 km од аеродромот во Анталија и 35 km од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 158 соби во главната зграда, 43 Лагуна апартмани и 28 приватни вили.

Супериор соби (38 m², главна зграда, една спална соба и дел за седење, едно купатило, макс.2 + 1 лице).

Deluxe соби (38 m², главна зграда, исти како супериор собите, само со поглед кон морето, макс. 2 + 1 лице).

Фамилијарни соби (48 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Јуниор апартман (48 m², главна зграда, една спална соба со посебен простор за седење, едно купатило, макс. 3 лица).

Апартман со една спална соба (76 m², главна зграда, една спална соба, посебна просторија за седење, едно купатило, макс. 3 лица).

Апартман со две спални (114 m², главна зграда, две спални соби, посебен простор за седење, едно купатило, макс. 4 лица).

Selcuk апартман (180 m², главна зграда, макс. 4 + 1 лице).

Сите соби се многу луксузно уредени, со купатило, туш кабина, фен за коса, бањарки, влечки, централен 24-часовен систем за климатизација во зграда на хотелот и сплит систем за климатизација во вилите, мини бар (обична и минерална вода, безалкохолни пијалаци, џус, пиво, чипс, апетисани, чоколадо се дополнуваат секој ден), сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, паркет, Wi-Fi интернет, балкон, француски балкон или тераса.

Лагуна (голф терени):

Лагуна апартмани (90 m², една спална соба, едно купатило, посебна дневна соба, директен пристап до заеднички базен, макс.2+2 лица).

Лагуна вила (160 m², две посебни спални соби, две купатила, приватен надворешен базен што се загрева во зимскиот период, макс. 4 лица).

Вили: Royal Golf Villa (200 m², лоцирани покрај терените за голф, две спални соби, две купатила, дневна соба, мала кујна, полуприватен базен, макс.4 лица).

Sultan Villa & Pasha Villa (400 m², лоцирани покрај теренот за голф, три спални соби, три купатила, приватна голема тераса со базен, дневна соба, кујна, макс. 6 лица).

• Услуга

Luxury Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на денот, вечера, закуски доцна навечер.

Сите локални и одбрани увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сок од свежо овошје и зеленчук, избор на вина од локална винарија, сладолед и овошје.

Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, ресторани À la Carte со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан за појадок и вечера, À la Carte ресторани: Cilantro (италијанска кујна), Trader’s Spice (азиска кујна), Palm Lounge (скара), Sofra покрај езерото (за гостите на вилите е бесплатно), барови низ целиот хотел.

Не се вклучени: Доктор, медицинска сестра, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, пеглање, телефон, факс, продавници, изнајмување кола.

Wi-Fi интернет е бесплатен во целиот хотел.

• Плажа

Приватна хотелска плажа со песок и камчиња.

Лежалки, чадори за сонце, душеци, крпи за плажа се бесплатни.

Кабаните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени (нема осветлување за тениските терени).

Се доплаќа: лекции и опрема за тенис, спортови на вода, велнес и центар за СПА, масажа, билијард и компјутерски игри, терени за голф.

Забавна програма, мини клуб за деца од 4 до 12 години со специјални програми, игралиште, мини диско во вечерните часови.

Хотелот е реновиран во 2023 / 2024 година (супериор и делукс соби, главен ресторан, нови лагуна апартмани).

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација