Pine Beach Belek

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Pine Beach Belek
• 39 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Pine Beach Belek

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 33 км од аеродромот и 45 км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 743 соби сместени во главната зграда и клуб соби во бунгалови.

• Клубски стандардни соби (32m², во клубскиот дел, една спална соба, една бања со туш кабина, макс.2 + 1 дете).
• Стандардни соби со поглед на градина (32-34m², главна зграда и Клуб зграда, една спална соба, една бања, макс. 2 + 2 деца, со поглед на градина).
• Стандардни соби со поглед на море (32-34m², во главната зграда и клубскиот дел, една спална соба, една бања, макс.2 + 2 деца).
• Classic Plus соби (30m², главна зграда и во клубскиот дел, една спална соба, една бања, павилјон на плажата е вклучен во цената макс.2 + 2 деца).
• Клуб фамилијарни соби (65 m², во клубскиот дел, една спална соба, една дневна соба разделена со врата, една или две бањи, макс. 4 + 2 деца).
• Quadruple соби (37m², главна зграда, една спална соба, една бања, макс. 3 + 1 дете).
• Фамилијарни соби во главна зграда (48m², главна зграда, една спална соба, една дневна соба оделена со врата, една купатило, макс. 3 + 1дете)
• Делукс апартман (180m², главна зграда, една бања, една дневна соба, една бања со џакузи, посебен тоалет, голема тераса, макс.3 + 1 дете).
• Фамилијарни апартмани (123m², клубска главна зграда, една спална соба, една дневна соба, купатило со туш кабина, макс.4 + 1 дете)
• Соби за хендикепирани лица (32-34m², четири соби се во главна зграда, четири во клубскиот дел).

Сите соби се со балкон или тераса, купатило со туш кабина, фен за коса, бањарка, влечки, централна клима кој работи според временските услови, телефон, мини бар (минерална вода, вода, безалкохолни пијалоци, пиво се надополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, тепих или ламинат, сеф, сателитски ТВ програми и музички канали, балкон или тераса. Во стандардни простории за 3. и 4 лица е предвиден преклопен кревет по лице. WI-FI интернет бесплатно во целиот хотел.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај, време за сладолед попладне, вечера, ужина во ноќните часови. Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, сладолед и пуканки за време на одредени часови, свежо цеден сок само за појадок. Не се вклучени: специјални увезени пијалоци, шампањ, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, пијалоци во Диско клуб по 02.00 часот, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан Sante – шведска маса, À la Carte ресторани -Turca (турски), Akdeniz (медитеранска кујна), Livar (рибен), барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, пеглање, интернет, фен за коса, изнајмување кола, трговски центар се со доплата.

• Плажа

Приватна песочна плажа на хотелот. Лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа, душеци не се наплаќаат. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца (има два базени со морска вода), Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, пинг-понг, одбојка на плажа, кошарка се бесплатни. Со доплата е осветлување за тениски терени, масажа, СПА и центар за убавина, билијард, компјутерски игри, моторизирани спортови на вода, часови за нуркање. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен, во вечерните часови шоу програма. Pino Kid’s Kingdom - Мини клуб за деца од 04-12 години со програми во текот на денот и мини диско навечер. Паркот на Лина се доплаќа.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација