Regnum Carya

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Regnum Carya
• 26 слики
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Regnum Carya

• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 35 km од аеродромот и 45 km од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 553 соби.

Jade соби (62 m², со балкон, макс.3+1 бебе, во главна зграда, една спална, едно купатило со туш и када, дел за седење, работна маса, гардеробер, балкон, поглед кон голф терените, страничен поглед на море или директен поглед на море).

Jade suite (124 m², со балкон, во главна зграда, поглед на море, една спална, една дневна соба со гарнитура за седење и работна маса, две купатила, гардеробер, макс. 3 +1 дете).

Jade фамилијарни соби (85 m² + 40 m² тераса, во главна зграда, две спални, дел за седење, работна маса, две купатила со туш и када, макс.4+1 дете).

Pearl pool соби (62 m², со тераса, покрај голф терените, swim up соби со излез на базен од 140 m², заеднички со други соби, една спална, едно купатило, дел за седење, работна маса, гардеробер, макс.3+1дете).

Pearl pool фамилијарни соби (100 m² + 24 m² тераса, покрај голф терените, swim up соби со директен излез на базен 140 m², заеднички со други соби, две спални соби, две купатила, дел за седење, работна маса, гардеробер, макс.6+1 дете).

Pearl pool suit (100 m² + 24 m², тераса, покрај голф терените, swim up апартман со излез на базен 140 m², заеднички со други соби, една спална, две купатила, дневна соба, работна маса, гардеробер, макс.3+1 дете).

Во сите соби има бањарка, влечки, сеф, соблекувална што може да се заклучува, електричен бокал, сет за чај и кафе, кафемат Неспресо, WI – FI интернет, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци, пиво, крекер, овошен сок, млеко, чоколадни вафли кои се полнат секој ден), макси-бар (со алкохолни пијалаци), телефон, систем за климатизација, LED ТВ огледало во собата со разни меѓународни програми, приватни бањи со туш и посебна када и тоалет, соблекувална, мени за перници.

• Услуга

Luxury сѐ вклучено – храна и пијалаци 24 часа, при пристигнувањето гостите се послужуваат со пијалак, овошни сокови за деца, чоколади и бонбони, освежителни марамчиња.

Појадок, доцен појадок, ручек, вечера, готварско шоу, диететско бифе, детско бифе, полноќно бифе, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци 24 часа, сладолед, свежо цедени сокови, свежо овошје покрај базенот и на плажа, слаткарница, снек ресторани.

Не се вклучени: премиум пијалаци и специјални вина, À La Carte ресторани: Teppenyaki, Sevk-et Steakhouse, Maia - Перуанска кујна, Alia Beach Club, Golf Club House ресторан, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À La Carte: Tramonto - италијански ресторан, Seahorse- рибен ресторан, Kushimoto – кујна од Далечен исток и Shushi ресторан, Koz Ocakbasi - ресторан со турска кујна, Terranyaki - ресторан со јапонска кујна и со готвење пред гостите, Sandal - ресторан за морска храна, Ubon - Thai ресторан, Grill Do Brasil – бразилски стек ресторан, Maia - Перуанска кујна, Alia Beach Club – ресторан со медитеранска кујна, Sevk-et Steak house, 17 барови со различна содржина околу хотелскиот комплекс.

Со доплата се: доктор и медицинска сестра, чување деца, перење алишта и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, продавници, изнајмување кола, специјални барања и услуги.

Интернет во целиот хотел Wi-Fi (со слаба брзина).

• Плажа

Приватна песочна плажа.

Лежалки, чадори за сонце, крпи за плажа не се наплаќаат.

Приватните павилјони се со претходна резервација и се со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Maxx аква парк со 11 лизгалки, базен со бранови, турска бања, сауна, парна бања, фитнес центар, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг, стрелаштво, спортови на вода (не моторизирани) се бесплатни.

Со доплата: SPA центар и центар за убавина, сите спортови на вода (моторизирани), осветлување за тениски игралишта, опрема за тенис, часови за тенис, часови за нуркање, куглана, билијард, играчница, Real Madrid школо за фудбал, Carya Golf Club.

Забавни програми во текот на денот со натпревари покрај базенот и на плажа, во вечерните часови шоу програми, жива музика, програми со професионални танчери, тематски забави и гала вечера.

Мини клуб за деца Chuckles и тоа за деца од 4-6 години, Јуниор клуб за деца од 7-12 години, и клуб за деца од 13-17 години. Специјална опрема за бебиња во соба и можност за подготовка на бебешка храна во главниот ресторан.

ЗАБЕЛЕШКА: Трансфер и влезници за LAND OF LEGENDS – тематскиот парк се бесплатни за гостите со минимум престој од 3 ноќевања.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација