Siam Elegance (Renovated in 2022.)
- Turcija
- Antalija
- Belek

- 80 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@fibula.com.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;

Инфо Siam Elegance (Renovated in 2022.)

Положба
Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на градот.

Сместување
Вкупно 523 соби во три згради.
Стандардни соби (27 м², една спална со француски кревет + софа, или два единчени кревета и една софа, едно купатило, макс. 3 лица),
Фамилијарни соби (45 м², дуплекс, лоцирани на најгорниот кат од хотелот, со две спални соби – горниот кат е како галерија, има француски кревет, на долниот кат има француски кревет и софа, едно купатило, макс. 4 лица),
Фамилијарни / Гранд апартмани (74 м², директен поглед на море, дуплекс со отворени скали, доле има една спална соба со француски кревет и дневна со дел за седење, на горниот кат уште една спална соба со француски кревет, две купатила, макс. 5 лица),
Јуниор апартман (31 м², една спална соба, едно купатило, џакузи, макс. 2+1 бебе) и 2 соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима систем кој што работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци секојдневно се полнат), сеф, сателитски ЛЦД ТВ со музички канали, распрскувач на вода и детектор за чад, ламинатен паркет, и балкон со поглед кон градина или море (страничен поглед).

Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, детско и диететско бифе во главниот ресторан, места за закуски во текот на денот.
À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот во еден од нив (не е дозволено за деца под 12 години), мини бар полнет со вода и безалкохолни пијалоци секојдневно, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, попладне сладолед близу базенот.
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, услуга во соба.

Содржини
Samui – главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – италијански, кујна од далечен исток, рибен, турски, суши бар, ресторан и бар за закуски, кафе Чај, бар во лоби и на плажа, диско клуб. Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во лобито е бесплатно.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Кабаните на плажа и покрај базен се со претходна резервација и со доплата.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, мини голф, пинг понг се бесплатни. Масажа, СПА центар за убавина и здравје, билијард, спортови на вода се со доплата.
Забавни програми во текот на денот, спортски натпревари покрај базенот, навечер шоу програми, музика во живо. Мини клуб со специјални програми за деца од 4-12 години, мини диско навечер.

Внимание
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа