Sirene Belek Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Sirene Belek Hotel
• 115 слики
• Опкружен со зеленило
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Аква парк
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Sirene Belek Hotel

• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 25 km од аеродромот и 40 km од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 495 соби.

Има соби во главната зграда Palace и во Вила блоковите.

Главна зграда :

Стандарден Јуниор апартман (47 m², една спална соба со француски кревет и софа, едно купатило, макс.2+1 лица).

Terrace апартман (95 m², една спална соба, една дневна соба, две купатила, многу голема тераса со поглед кон морето, макс.4 лица).

Вили:

Супериор фамилијарни соби (60 m², две спални соби, дел за седење, едно купатило, макс.2+2 лица).

Lale апартман (80 m², дуплекс, со две спални соби, на првиот кат спална со два единечни кревети, на вториот кат една спална со француски кревет, две купатила на секој кат, макс.4 + 1 дете).

Garden апартман (120 m², две спални соби, една дневна соба, две купатила, макс.4 + 1 дете).

Паша апартман (150 m², дуплекс, три спални соби, една дневна соба и три купатила, макс.6 + 1 лице).

Сите соби се со сопствено купатило со туш, бањарки, влечки, фен за коса, прилагодлив систем за климатизација, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (безалкохолни пијалаци, вода и пиво се надополнуваат еднаш во текот на денот), сеф, тепих на подот во главната зграда и ламинат во вилите, балкон или тераса.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски во текот на денот, попладневна ужина, вечера, закуски доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови за време на појадокот, сладолед за време на оброците, мини бар во собите.

Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, пакуван сладолед. Рестораните À la Carte се со доплата и само за лица над 12 години, енергетски пијалаци, услуга во соба, наргиле, пуканки, шеќерна волна се со доплата. Алкохолни пијалаци не се служат во периодот помеѓу 02:00 и 10:00 часот.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар за закуски, Turk Cafe, бар покрај базен и на плажа, диско бар, ресторани À la Carte: Mermaid - рибен ресторан, Dragon - кујна на далечен исток, Sini - турска кујна, Limone - италијанска кујна.

Не се вклучени: Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, изнајмување кола.

WI - FI Интернет на јавните места на хотелот е бесплатен. Интернет со голема брзина е со доплата.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа.

Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени, базени со тобогани, базени за деца, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка.

Со доплата: олимписки и полуолимписки затворен базен, спортови на вода, осветлување на тениските терени, спортска опрема, билијард, голф и опрема за голф, СПА и велнес центар, професионално фудбалско игралиште.

Забавни програми во текот на денот, разни натпревари за возрасни и деца, во вечерните часови специјални забавни програми. Мини клуб за деца од 00 - 12 години во различни возрасни групи, со специјални програми во текот на денот и вечерта.

Хотелот е реновиран во 2023 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација