Titanic Deluxe Golf Belek

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Belek
  • Titanic Deluxe Golf Belek
  • 137 слики
  • Наша препорака
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Наша препорака
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • За деца
  • Фамилијарни
  • Дете до 11,99 - бесплатно сместување
  • Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Titanic Deluxe Golf Belek

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Белек на 25 км од аеродромот во Анталија и 35 км од центарот на Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 594 соби, дел се во главната зграда и дел се во градината.

    Стандардни соби (34 м², во главна зграда, една спална соба и едно купатило, макс. 2+1 лице).

    Супериор соби (39 м², во главна зграда, една спална соба и едно купатило, макс.2+2 лица, осум од овие соби се за лица со попреченост).

    Делукс соби  (55-70 м²,  главна зграда, една спална соба со дел за седење, купатило,  макс. 3 + 1 дете).

    Фамилијарен апартман  (80 м²,  во  главна зграда,  две  спални соби одвоени со врата и две купатила,  макс. 5+1 дете).

    Во делот на собите во градината се се :

    Фамилијарни swim up соби  (80 м²,  лоцирани во трикатна анекс зграда со седум блока, две  спални соби, две купатила, директен пристап на базен, макс. 5 + 1 дете).

    Family pool balcony suits (80 м², макс. 3+1 лице, лоцирани во трикатна анекс зграда во седум блока, две спални соби, две купатила, балкон, на 2 кат, нема директен пристап на базен).

    Фамилијарен апартман со поглед на градина (80 м²,  лоцирани во трикатна анекс зграда со седум блока, две  спални соби одвоени со врата, две купатила, немаат директен пристап на базен и немаат тераса, гостите го користат главниот базен, макс. 5 + 1 дете).

    Отомански апартман (70м², лоциран кај СПА делот, една голема спална соба со фрацуски кревет, џакузи во собата, дел за седење, приватна сауна и бесплано сет мени во Beef Grill, бесплатно користење на еден À la carte ресторан, 20% попуст во СПА центарот, машина за кафе во собата, макс. 2 лица).

    Bali House Swim up (42 м², лоцирани покрај базен со солена вода, една спална соба со француски кревет и дел за седење, раздвоени со параван, купатило, директен пристап до заедничкиот базен, макс. 2 лица).

    Bali House (42 м², лоцирани покрај базен со солена вода, една спална соба со француски кревет и дел за седење, раздвоени со параван, купатило, макс. 2 лица).

    Maldives House (52м², лоциран во делот само за возрасни, една голема спална соба со фрацуски кревет, купатило, џакузи во собата, приватна сауна и бесплано сет мени во Beef Grill, бесплатно користење на еден À la carte ресторан, машина за кафе во собата, макс. 2 лица).

    Сите соби се со сопствено купатило со туш, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (со пијалоци се дополнува секојдневно), сеф, бањарка, влечки, електричен бокал, сет за чај и кафе, сателитска ТВ и музички канали, Wi Fi интернет, балкон.

  • Услуга

    Делукс Сѐ вклучено - храна и пијалоци 24 часа - пијалок за добредојде, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диететска храна, готварско шоу, полноќни закуски, сите локални и увозни алкохолни  и безалкохолни пијалоци 24 часа (во диско од 23.00-02.00), бар со закуски на плажа помеѓу 09-18:00 часот, сладолед покрај базенот во определени часови, бар покрај базенот, бар со ужина, детска храна, диететска храна. Не се вклучени премиум пијалоци, сладолед во баровите, специјално вино, француски шампањ, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса поделен во неколку делови и сите декорирани различно, À la Carte ресторани: Oceanos (медитерански), Hasir (турски), Beef Grill club (месо и стек), Pascarella (италијански), Asian (далечен исток), Boat Reastaurant (служат на бродот), The Club -  служат традиционален турски појадок, Yamas (грчки ресторан), барови низ хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување дете, перална, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, фризер, продавници, изнајмување кола се со доплата.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Плажата е на 1200 м од хотелот, постојано има превоз со брод или со buggy возило од хотелот.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, еден надворешен базен со морска вода, аква парк, турска бања, сауна, фитнес центар, тениско игралиште, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пинг понг, билијард.

    Со доплата: масажа, СПА & Wellness центар, осветлување на тениско игралиште и опрема, спортови на вода, куглање, билијард,  компјутерски игри, курс за голф, курс за нуркање, професионално фудбалско игралиште.

    Забавни програми во текот на денот,  натпревари на базен и на плажа, вечерни шоу програми, жива музика, кино. Tini Kids Club – мини клуб со програма за деца од 3-11 години, групи поделени по возраст.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација