TUI Blue Belek

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• TUI Blue Belek
• 38 слики
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Само за возрасни
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо TUI Blue Belek

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е лоциран во областа Богазкент, 40км од аеродромот во Анталија и 1 км од наблиското населено место.

• Сместување

Вкупно 230 соби.

• Стандарни Соби: (27м², макс.2 лица) Една спална со купатило, сите соби се со поглед на копно и без балкон (само француски балкон).
• Делукс Соби: 13 (32м², макс.2 лица) - соба со француски кревет или со одвоени кревети, купатило, некои соби се со џакузи,
• Lake House Соби: (36м², макс.2 лица) - една голема соба и голема тераса со гарнитура за седење, на прв кат, пристап на базен по скали
• Swim Up Соби: (36м², макс.2 лица) - една голема соба и тераса на приземје, директен пристап на базен.

Сите соби се со балкон или со француски балкон, купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода, минерална вода, сокови и пиво, се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет во соба.

• Услуга

Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи и сладолед во одредени часови, вечера, доцна ужинка, чај и кафе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, À la Carte ресторани со резервација и само еднаш за време на престојот, свежо цедени сокови за време на појадок. Дополнително се наплаќаат: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, енегретски пијалоци, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан Jasmine со шведска маса, À la Carte ресторани (Culinarium-интернационална кујна ), лоби бар, витамин бар, бар покрај базен и на плажа и ноќен клуб. Доктор, перална и хемиско чистење, чување деца, интернет кафé, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска приватна плажа, песочна. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за плажа не се наплаќаат.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен (внатрешниот базен е затворен на лето), лизгалици на вода, фитнес, турска бања, сауна, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг. Осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, часови за тенис, масажа, спортови на вода, Спа центар, дополнително се наплаќаат. Забавни програми, жива музика и спортски активности.

• Веб страна на хотелот

Локација