Voyage Belek Golf & Spa Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Voyage Belek Golf & Spa Hotel
• 41 слики
• SPA & Wellness
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Теретана
• На плажа

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Voyage Belek Golf & Spa Hotel

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35 km од аеродромот во Анталија и 45 km од центарот на Анталија.

• Сместување

Има вкупно 596 соби, лоцирани во главната зграда, во блок А (поглед на копно), блок Б (поглед на копно) и во бунгалови.

Главната зграда:

соби со страничен поглед (32 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, една софа,  едно купатило, макс. 2 + 2 деца).

Фамилијарни соби (60 m², две одвоени спални соби, две купатила, една соблекувална, макс 4 лица + бебе). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, бањарки и влечки, клима, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалаци, млеко, чоколадно млеко, чоколадни вафли, апетисани, пиво се надополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинат, WI - FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

А и Б блок:

А Блок поглед на копно (32 m², една спална со француски кревет или два единечни кревети, една софа, едно купатило, макс. 2+ 2 деца).

Фамилијарни соби А Блок (52 m², две одвоени спални соби, две купатила, една соблекувална, макс.4 лица + бебе).

Б блок поглед на копно (32 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, една софа, едно купатило, макс.2 + 1 дете + 1 бебе).

Фамилијарни соби Б блок поглед на копно (60 m², две одвоени спални соби, две купатила, еден гардеробер, макс.4 лица + бебе). Сите соби од А и Б Блок се со поглед на копно и се исто уредени како собите во главната зграда.

Бунгалови:

Бунгалов (37 m²; една спална соба со француски кревет и софа, едно купатило, еден гардеробер, макс. 2 + 2 деца).

Duplex Garden (75 m², на спрат една спална соба, едно купатило, гардеробер, а на приземје една спална со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4+1 бебе). Сите соби во бунгаловите се со сопствено купатило со туш и фен за коса, бањарка, влечки, клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалаци, пиво, чоколадо, млеко, чипс, апетисани), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, балкон и сите се со поглед на градина.

WI - FI бесплатно во сите соби

Специјална категорија на соби:

Делукс соби (во главна зграда со страничен поглед на море, 30 m², една голема спална соба, едно купатило, бањарка и влечки, голема тераса од 30 m² со џакузи, макс.2 + 1 дете).

Лагуна дуплекс swim up (во лагуната, 90m², на горниот дел една спална соба и едно купатило со џакузи, а на приземје дневна соба или спална соба со 3 еднокреветни кревети и едно купатило со туш, тераса со директен пристап до базен, макс. 5 + 1 бебе).

Кралски апартман (120 m², главна зграда, две големи спални соби со посебни купатила, една дневна соба, голема тераса заедно со собата 260 m² со џакузи, макс.6 лица). Овие простории имаат ВИП сервис: експресно пријавување и одјавување во хотелот, шише вино во собата, појадок во соба на барање, приоритет за рестораните À la Carte, Maxi бар, дневно послужување со овошје, слатки пецива во соба, ВИП сет поставен во бањата.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга со храна и пијалаци, шведска маса (во главниот ресторан и во ресторанот за возрасни) за појадок, доцен појадок, ужини во барот на плажа, ручек, вечера, полноќна закуска, ран појадок, слаткарница, сладолед, колачи, кафе и чај попладне, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови за време на појадокот и во витамин барот, енергетски пијалаци, фрижидери за безалкохолни пијалаци на плажа, 24 часа храна и пијалаци во Cuisine 24, диететско бифе и детско бифе.

Не се вклучени: премиум делукс локални и увозни пијалаци, специјални локални и увозни вина, флаширани вина, À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан и ресторан за возрасни со шведска маса, À la Carte ресторани – Kebappa (турски), Vista (италијански), Wen (кинески), Teppenyaki (јапонски), Carino Steak House, Gracias (мексикански), Buzuki (грчки), слаткарница, барови низ хотелскиот комплекс.

Не се вклучени: Доктор, чување деца, фризер, перење алишта и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола, интернет кафе.

Wi-Fi интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа.

Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Павилјоните се со претходна резервација и со доплата.

Има две платформи – една за фамилии и една само за возрасни (+16).

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, базен за возрасни (16+), аква парк за деца и возрасни, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, мини голф, пинг-понг, стрелаштво, теретана, компјутерски игри, билијард, куглање е бесплатно.

Се доплаќа: масажа, СПА и велнес центар, осветлување за тениски игралишта, часови за тенис, терени за голф, спортови на вода и школа за нуркање.

Забавни програми во текот на денот, натпревари на  базен и на плажа, мини кино, забава за деца од 3 – 14,99 бесплатно, во вечерните часови шоу програми.

Мини клуб Tugi Kids за деца од 4-12 години и тинејџерски клуб од 13-16 години, кино. Специјална програма за бебиња и за деца од 0 - 3 години.

Хотелот е реновиран во зима 2018/2019.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација