Zeynep Hotel

  • Zeynep Hotel
  • 27 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Zeynep Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Белек на 30км од аеродромот и 30км од центарот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 555 соби во две главни згради и бунгалови.

    Стандардни соби (23м², во зграда, една спална и купатило, макс.2+1 дете),

    Фамилијарни соби во главната зграда (37 м², две спални соби разделени со врата, едно купатило, макс.3+1 дете).

    Фамилијарен апартман во главната зграда (46 м², во зграда, две спални соби со поврзувачка врата, едно купатило, макс.3+1 дете).

    Resort executive suits (61 м², во зграда, една дневна соба и една спална соба со поврзувачка врата, едно купатило со џакузи, макс. 3+1 дете).

    Стандардни соби во бунгалови (26 м², една спална соба и едно купатило, макс.3+1 дете),

    Фамилијарни апартмани во бунгалови (52 м², две спални соби со поврзувачка врата, едно купатило, макс.3+1 дете),

    Resort Family House land (79 м², вила покрај море, 3 спални соби, една дневна соба, две купатила, тераса, макс. 6+1 дете),

    Голф стандардни соби (40 м², голф главна зграда, една спална, едно купатило, макс. 3+1 дете),

    Golf standard lake room (40 м², голф главна зграда, една спална соба, едно купатило, пристап до базен преку терасата, макс. 3 лица).

    Golf Duplex Lake Suite (83 м², голф главна зграда, две спални соби разделени со врата, едно купатило, пристап до базен преку терасата, макс.4 лица).

    Golf Terrace Suit (65 м², голф главна зграда, една спална, едно купатило со џакузи, макс. 2 лица).

    Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен за коса, централен клима систем кој работи согласно временските услови, телефон, килим на под, мини бар (сокови, вода и пиво секојдневно се дополнува), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон или тераса.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски помеѓу оброци, вечера и полноќна супа, пијалок за добредојде, сите локални и некои стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредено време од денот, свежо цеден сок за појадок. À la Carte ресторанот е со претходна резервација и еднаш за време на престојот.

    Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, свежо цедени сокови (освен за појадок), услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани со турска, кинеска, италијанска и мексиканска кујна, барови низ хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, продавници се со доплата.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, еден олимписки базен (не е дозволено за деца помали од 14 год.), лизгалици на вода, турска бања, сауна, соба со пареа, фитнес ентар, тениски терени, мини фудбал, кошарка, одбојка, одбојка на плажа.

    Со доплата: спортови на вода, масажа, мини голф, центар за убавина, осветлување за тениските терени и опрема за тенис, билијард и центар за игри.

    Забавни програми во текот на денот, натпревари, навечер шоу програми, музика во живо, тематски вечери. Мини клуб за деца од 4-12 год., детско игралиште, разни програми во текот на денот и Мини Диско навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.