Euphoria Barbaross Beach Resort

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Çenger
  • Euphoria Barbaross Beach Resort
  • 41 слики
  • Песочна плажа
  • Затворен и отворен базен
  • Реновиран
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Фамилијарни
  • На плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Euphoria Barbaross Beach Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Кизилот, на 15 км од Манагват и на 88 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 348 соби во една зграда и бунгаливу.

    Стандардни соби (23 м², во главната зграда или бунгалови, една соба со дупли кревет или два единечни кревети + софа на развлекување (180x70cm), едно купатило, макс.2+1 лица).

    Еко соби без балкон (20 м², лоцирани во главната зграда и бунгаловите, една соба со дупли кревет (160x200), купатило, макс.2 лица).

    Фамилијарни соби (40 м², во главната зграда, две посебни соби, едно купатило, макс. 4 лица).

    Стандардни соби со кревети на спрат (25 м², лоцирани во главната зграда, соба со дупли кревет + кревети на спрат (190x90cm), купатило, макс. 2+2 деца).

    Сите соби се со сопствено купатило со туш, фен, клима која работи според временските услови во главната зграда и сплит систем во бунгаловите, телефон, сеф, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, сателитска ТВ и музички канали, WI – FI, килим или ламинат, балкон.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, чај, кафе, вечера, доцна вечера, доцни закуски, ран појадок, сите алкохолни и безалкохолни пијалоци, стандардни  увозни пијалоци во лоби бар и Chill Out бар 18+. À la carte ресторан само еднаш за време на престојот и со претходна резервација, Chill Out бар отворено 24 часа, бар на плажа од 10:00-18:00 часот, сладолед во одредено време, детски ресторан Toucan.

    Не е вклучено премиум увозни пијалоци, сортни вина, пијалоци кои не се на менито, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, турско кафе, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, барови околу хотелот, À la carte ресторан Ethno -турски, Sea You - рибен.

    Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници се наплаќаат.

    WI – FI интернет во целиот хотел не се наплаќа.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа. Чадори, лежалки и крпи за плажа не се наплаќаат. Павилјоните се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, парна бања, одбојка на плажа, тениско игралиште, пинг понг, билјард, гимнастика.

    Со доплата се водени спортови, осветлување на тениски игралишта, масажа и спа центар.

    Забавна програма преку ден, натпревари, шоу програма во вечерните часови. Toucan- детски клуб за деца од  4-12 години, во различни групи, мини диско во вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација