Lykia World Links & Golf

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Denizkent
  • Lykia World Links & Golf
  • 46 слики
  • SPA & Wellness
  • Песочна плажа
  • Бесплатно WiFi на јавни површини
  • Аква парк
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Теретана
  • На плажа

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Lykia World Links & Golf

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Денизјака на 50  км од аеродромот во Анталија и 30 км од центарот на Манавгат.

  • Сместување

    Вкупно 449 соби.

    Делукс големи  соби (38-44м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+2 лица).

    Фамилијарни апартмани (68 м², две спални соби, две купатила, макс. 4+1  лица).

    Family Duplex pool suite sea side (77 - 88м², на секој кат по една спална соба, две купатила, тераса со пристап на базен, макс. 4+1 лице).

    Сите соби се со купатило со када, туш, фен, систем за климатизација, сеф, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнуваат секој ден), LCD TV со сателитски програми, балкон или тераса.

  • Услуга

    Ултра Сѐ Вклучено – пијалок за добредојде, шведска маса за сите оброци, појадок, доцен појадок, утрински и попладневни закуски, вечера, полноќни закуски, топли пијалоци, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 часот, сладолед во определени часови, слаткарница.

    Не се вклучени: премиум увозни пијалоци, специјални вина, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, свежо цедени сокови, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса со посебен дел за диетална храна, вегетаријанска и за деца. À la Carte ресторани: турски, рибен, италијански, кујан од Далечен Исток (за деца под 7 години не е дозволено), барови во хотелскиот комплекс, бар за закуски. Со доплата се доктор и медицинска сестра, услуга за чување деца, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа долга 2500 метри. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Отворени  и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк, помал аква парк за деца, фитнес центар, Турска бања, сауна, парна бања, 10 тениски игралишта, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа, бадминтон, гимнастика се бесплатни.

    Со доплата се спортови на вода, Спа Центар, јапонски внатрешен базен (само за возрасни), осветлување за тениски игралишта, часови за голф и голф терени.

    Забавни програми со професионален тим во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, специјални вечерни програми, тематски програми, жива музика. За деца има посебен тим и организирана програма за бебиња и деца од 6 месеци до 16 години. Комплетно опремено детско игралиште, лизгалки за деца, активности во текот на денот и во вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација