Akka Alinda Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Kemer
• Akka Alinda Hotel
• 70 слики
• Наша препорака
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Аква парк
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Песочно-камчеста плажа
• На плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Akka Alinda Hotel

• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Кириш на 7 км од Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 401 соба.

Дел од собите се наоѓаат во главната зграда:

Стандардни (22-25 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Фамилијарни соби (32-36 m², макс. 4 лица, две одвоени соби и едно купатило).

Кралски апартман (110 m², две спални соби, две купатила и една дневна соба, макс.4 лица).

Во Анекс зградата има стандардни соби распоредени во  Б и Ц блокови (22-25 m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Дуплекс фамилијарни соби лоцирани во главната зграда и Анекс зградата во А, Б и Ц блоковите (40 m², дуплекс, две спални соби, две купатила, макс. 5 лица).

Комфорт стандардни соби (28-32 m², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило и бесплатен мини бар, À la Carte ресторан е еднаш бесплатно, корпа со овошје, бесплатен сет за кафе и чај поставен при пристигнување, макс. 3 лица).

Комфорт фамилијарни соби (36 m², две спални соби, две купатила и бесплатен специјален мини бар, À la Carte ресторан еднаш бесплатно, корпа со овошје, бесплатен сет за кафе и чај поставен при пристигнувањето, макс. 4 лица).

Апарт Стандардна соба (24 m², една спална соба, едно купатило, макс. 3+1 лице).

Сите соби се со сопствено купатило со када, туш, фен, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, мини бар (безалкохолни пијалаци, минерална вода, пиво, овошен сок, вода се полни секој ден), сеф, WI-FI интернет конекција, сателитска ТВ и музички канали, ламинатен под и балкон.

• Услуга

Премиум Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот, попладневен чај, кафе и колачи, доцна вечера, закуски и ран појадок, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови само за појадок, сладолед во одредени часови. Експрес Бифе со работно време од 01.00 часот до 06.00 часот.

Постои можност да се направи детска храна по родителски рецепт (апарат за загревање за детска храна, стерилизација на шише за бебиња, микробранова, блендер). Има катче за здрава исхрана подготвена од нутриционист.

Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, флаширани пијалаци и лименки, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, услуга во соба, ресторан À la Carte со претходна резервација и со доплата.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар за закуски на плажа, À la Carte ресторани – Gullet – морска храна, Паша ресторан – француска кујна, традиционален појадок, барови низ целиот хотелски комплекс.

Не се вклучени: Доктор, чување деца, фризер, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола.

WI-FI интернет во собите, во лоби и на јавни површини е бесплатен.

• Плажа

Хотелска плажа со камчиња и песок.

Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, кошарка, мини фудбал, пинг-понг.

Со доплата: спортови на вода, билијард, школа за нуркање, осветлување на тениски терени и опрема, масажа и СПА центар.

Забавни програми, во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, специјални ноќи. АККА Мини клуб за деца од 4-12 години, со специјално обучен кадар и одлична организација.

Хотелот е реновиран во 2019 година (купатила во главната зграда, во Апарт стандардни соби и базен со тобогани).

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација