JUJU Premier Palace

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Kemer
  • JUJU Premier Palace
  • 25 слики
  • 3 деца бесплатно сместување
  • Аква парк
  • Анимација
  • Бесплатно WiFi
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Песочно-камчеста плажа
  • На плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо JUJU Premier Palace

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 18 км до центарот на Кемер, 40 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 423 соби.

    Делукс стандардни соби (36м², една спална соба со еден француски кревет + фотелја, едно купатило, макс.2+2 лице).

    Делукс стандардни големи соби (42-46м², една спална соба со простор за седење, едно купатило, макс.2+2 лица).

    Дуплекс фамилијарен апартман (65м², две спални соби, две купатила, максимум 4 лица).

    Дуплекс фамилијарен апартман executivе (79м², две спални соби - долу два единечни кревети, горе еден француски кревет, (како галерија) простор за седење, две купатила, макс. 4 лица).

    Апартман за меден месец  (52 – 67 м², една спална соба, дневна со софа, едно купатило, џакузи и тераса или балкон).

    Honeymoon suite executive (79м², една спална соба со француски кревет, дневна соба со софа, едно купатило, џакузи, макс.3 лица).

    Престиж апартман (149 м², дуплекс, на приземје дневна и една спална соба, горе една спална соба, соблекувална, две купатила, џакузи, тераса, макс.4 лица).

    Платинум дуплекс апартман (79м², приземје една спална соба, горе една спална соба, две купатила, поглед на море и приватен базен, максимум 4 лица).

    Platinum duplex suite Executive (165м², три спални соби, една дневна, три купатила, тераса, макс.6 лица).

    Сите соби се со сопствено купатило со када или туш, фен за коса, влечки, централен или сплит клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, млеко, крекери се полни секој ден), сет за кафе и чај, eлектричен бокал, сеф, ламинатен под, WI-FI интернет конекција, сателитска LCD телевизор и балкон или тераса.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено – 24-часовна услуга за храна и пијалоци – пијалоци за добредојде по пристигнувањето, шведска услуга за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина доцна навечер.

    Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок за време на појадокот, диететска и здрава храна во главниот ресторан, детско бифе, сладолед во одредени часови во текот на денот.

    Не се вклучени: премиум увозни пијалоци, VSOP коњак, специјални увозни и локални вина, сите флаширани пијалоци, услуга во соба, свежи овошни сокови, ланч бокс, наргиле, À la carte рестораните се со претходна резервација и со доплата.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани – Tartufo – италијанска кујна, Premier – морска храна, Кјокуто – кујна од Далечниот Исток, турски ресторан, слаткарница, снек бар на плажа и барови низ целиот хотелски комплекс.

    Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, фризер, изнајмување кола, продавници дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

  • Плажа

    Приватната плажа на хотелот со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце, крпи за плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, парна соба, соба за релаксација, фитнес центар, тениски терени, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, гимнастика.

    Со доплата се: спортови на вода, SPA & Wellness центар, масажа и сите третмани за убавина, осветлување за тениски терени, школа за нуркање, куглање, центар за игри.

    Забавни програми во текот на денот, натпревари со стручен тим, специјални емисии во вечерните часови, музика во живо, организација на специјални забави.

    Мини клуб - мини клуб за деца со секции за различни возрасни групи, од 4 – 12 години со специјални програми, детско игралиште, мини кино, мини диско навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација