Asteria Kemer Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Kemer
• Asteria Kemer Resort
• 37 слики
• Наша препорака
• Затворен и отворен базен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• За деца
• Фамилијарни
• На плажа
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Asteria Kemer Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Camyuva на 7 км од Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 349 соби.

• Стандардни Соби: (29-36 м², една спална соба, купатило, макс.2+2 лица).
• Џуниор Апартман: (45 м², дневна соба со простор за седење и една софа, една спална, купатило, макс.3+1 лица).
• Фамилијарни Соби: (56 м², две спални соби одвоени со лизгачка врата, купатило, макс. 2+2 лица).
• Делукс Апартман: (82 м², една голема дневна соба, една спална, купатило, макс.4 лица).

Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина или када, фен, папучи, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), сеф, под со килим, сателитска телевизија со музички канали. Некои соби се без балкон. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна ужина, мини бар во собите, сладолед за време на одредени часови, сите локални увозни стандарни газирани и негазирани пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: премиум увозни појалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, одредени вина во À la Carte рестораните, повторно користење на À la Carte рестораните .

• Содржини

Главен ресторан на база шведска маса, Лоби бар, À la Carte ресторани: италијански, рибен и турски, бар на плажа и базен. Доктор, перална, чистење, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет кафе, шопинг центар, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата во поголеми простории и соби бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна плажа, песочна и со камчиња. Лежалките, чадорите, пешкирите на плажа се бесплатни. Павиљоните на плажа се со доплата.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен, базени за деца, 3 тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, пинг понг, одбојка, кошарка, одбојка на плажа се бесплатни. Спортови на вода, масажа, опрема и осетлување на тениските терени, билијард и компјутерски игри се со доплата. Мини клубови за деца од 4-12 години и забавни програми во текот на денот и навечер.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација