Asteria Kemer Resort

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Kemer
  • Asteria Kemer Resort
  • 115 слики
  • Наша препорака
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Дете до 12,99 - бесплатно сместување
  • За деца
  • Фамилијарни
  • На плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Asteria Kemer Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во регионот Camyuva на 7 км од Кемер и 65 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 349 соби. Луксузни соби (29-36 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + една софа, едно купатило, макс.2+1 лице). Делукс соби (45 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + една софа, едно купатило, макс.2+1 лице).

    Супериор соби (45,5 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, една дневна соба со софа кревет, едно купатило, макс. 2+1 лице).

    Фамилијарни апартмани (56 м², две спални соби одвоени со лизгачка врата, едно купатило, макс. 4 лица).

    Премиум апартмани (82м², една голема дневна соба, една спална соба, едно купатило, макс.4 лица).

    Фамилијарен дуплекс апартмани соби (60 м², една спална соба со француски кревет и купатило, друга спална соба со два единечни кревети и купатило, макс. 4 лица).

    Сите соби имаат сопствено купатило со туш кабина, фен, бањарка, влечки, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци, пиво, чоколадо, чипс, колачи, бомбони, млеко за фамилии со бебе), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, сателитска ТВ со музички канали. Некои соби се без балкон или со француски балкон. WI-FI интернет конекцијата.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено – 24 часова услуга со храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна ужина и ран појадок, детска и диететска храна, сладолед за време на одредени часови во текот на денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот во еден од нив, снек бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот.

    Не се вклучени: премиум увозни појалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, специјални вина во À la Carte рестораните и повторно користење на À la Carte рестораните .

  • Содржини

    Главен ресторан на база шведска маса, Лоби бар и terrace бар, À la Carte ресторани: Mazzini - италијански, Mirmir - рибен и Sumak - турски, El Primo – Steak House, Asia – кујна од Далечен исток, барови во целиот хотелски комплекс.

    Доктор, перење алишта, хемиско чистење, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет кафе, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.  WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа, песочна и со камчиња. Лежалките, чадорите и крпите на плажа се бесплатни. Павилјоните се со посебна услуга на плажа и се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Отворен и затворен базен, базени за деца, фитнес центар, парна соба, сауна, турска бања, тениски терени, пинг понг, одбојка, кошарка, одбојка на плажа се бесплатни.

    Спортови на вода, масажа, опрема и осветлување на тениските терени, билијард, куглање и компјутерски игри се со доплата.
    Мини клубови за деца од 4-12 години и забавни програми во текот на денот и навечер.

    Хотелот е целосно реновиран во 2023 година.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација