Crystal Aura Beach Resort & Spa
- Turcija
- Antalija
- Kemer

- 62 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Crystal Aura Beach Resort & Spa

Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер на 55км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 501 соба во 2 блока во главната зграда и 9 апартмани во делот кај градината.
- Стандардни соби (24м², главна зграда и блокот околу градината, спална соба со француски кревет + единечен кревет, куптило, макс. 2+1 лице),
- Стандардни соби со кревети на спрат (24м², главна зграда и блокот во градината, спална соба со француски кревет и кревети на спрат, купатило, макс. 2+2 лица ),
- Соби за меден месец (24м², блок во градина на најгорниот кат, спална соба, купатило, голема тераса, макс. 2 лица),
- Фамилијарни соби со кревети на спрат (38м², главна зграда, единечен кревет + кревети на спрат во една спална соба, другата спална соба е со француски кревет, купатило, макс. 3+2 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, клима, телефон, мини бар (вода и сокови се дополнува секој ден), сеф, ламинатен или мермерен под, WI-FI, сателитска тв со музички канали, балкон.

Услуга
Ултимејт сѐ вклучено – Локален и здрав концепт н исхрана, Caretta главен ресторан со шведска маса, услуга за појадок, продолжен појадок, ручек, ужинки, торта, чај, кафе, вечера и доцна вечера, катче за деца, бебешка храна, диетална и вегетаријанска храна, детокс бар, сладолед во одредено време, сите локални увозни стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la Carte ресторани (турски и италијански) со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба, рибен ресторан, увозни алкохолни пијалоци од 24.00 – 10.00 часот.

Содржини
Главен ресторан Caretta, шведска маса, À la Carte ресторани - турски, италијански и рибен, барови на плажа и покрај базен, лоби бар, слаткарница. Доктор, перење и хемиско чистење, шопинг, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола е со доплата.

Плажа
Хотелска камчеста плажа. Лежалки за сонце, чадори и крпи се бесплатни. Павилјоните се со резервација и доплата.

Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, слајдови на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, тениски терен, одбојка на плажа, теретана, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, осветлување и опрема за тениски терени, SPA, масажа, куглање, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот и вечерта. Мини клуб за деца од 04-12 години и тин клуб за деца од 13 – 17 со различни програми
Веб страна на хотелот
Содржини

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа