Kimeros Park Holiday Village
- Turcija
- Antalija
- Kemer

- 66 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Инфо Kimeros Park Holiday Village

Положба
Хотелот се наоѓа во Гојнук на 6 км од центарот на Кемер и 46 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 442 соби во 3-катни згради и 2-катни бунгалови.
- Соби во градина (26м², лоцирани во бунгаловите, спална соба со француски кревет и софа, купатило, макс. 2+1 лице).
- Апартмани во градина (31м², лоцирани во бунгаловите, дневна соба со две софи, спална соба со француски кревет одвоени се со врата, купатило, макс. 4 лица),
- Kimeros стандардни соби (26м², лоцирани во 3-катни згради, спална соба со кревети на спрат + кревет на извлекување, купатило, макс. 2+1 лице),
- Kimeros фамилијарни соби (33м², лоцирани во 3-катни згради, две спални, една со француски кревет, друга со 2 единечни кревети одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, мини бар (вода и сокови се дополнуваат секој ден), сет за чај и кафе, сеф, под со плочки, лед ТВ со сателитски програми и музички канали.

Услуга
Ултра сѐ вклучено –пијалок и локум за добредојде, 24 часа храна и пијалок на различни места во хотелот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек и вечера, попладневни ужини, чај, кафе, колачи, полноќна ужина. Сите локални алкохолни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредено време, свежо цеден сок за појадок. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба, наргиле, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторан – рибен ресторан, ужина на плажа, витамински и лоби бар, диско клуб. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, шопинг, телефон, факс, компјутерски игри, интернет кафе, фризер се со доплата. WI-FI (ниска брзина) е бесплатно.

Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни. Павилјоните се со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава
Надворешен базен за возрасни и деца, слајдови на вода, фитнес соба, турска бања, сауна, парна соба, тениски терени, пинг понг, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, масажа, SPA, осветлување и опрема за тениски терени, школа за нуркање. Забавни програми во текот на денот и вечерта, натпревари на плажа и базен. Мини клуб за деца од 04 - 11 години, мини диско навечер и мини панаѓур.
Веб страна на хотелот
Содржини

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца