Ma Biche Kemer
- Turcija
- Antalija
- Kemer
-
-
-
-
-
- 58 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Ma Biche Kemer
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Гојнук на 46 км од аеродромот во Анталија, на 2 км од центарот на Кемер.
-
Сместување
Вкупно 350 соби.
Стандардни соби (26м², една спална со еден француски кревет + софа или кревет на извлекување, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Соби со кревети на спрат (26 м², една спална со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Фамилијарни апартмани (38 м², една спална соба + една дневна соба одвоени со врата, две купатила, макс. 4+1 лице)
4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со приватно купатило со туш, када, фен, влечки, централа клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, сокови и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на подот, Wi-Fi интернет, сателитска тв и музички канали, балкон.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено – пијалок и закуска за добредојде, 24 часовна услуга со храна и пијалоци на различни места во хотелот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, попладневен чај и кафе, торта, ноќна закуска.
Бебешко катче во главниот ресторан со микробранова печка, стерилизатор за шишиња, бокал за загревање, рачен блендер. Сите локални и некои стандардни увозни алкохолни (виски, вотка, мартини само во лоби барот) и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во текот на денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Не се вклучени: увозни алкохолни пијалоци што не се на менито, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба, наргиле.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турска и морска кујна, бар на плажа, витамин бар и лоби бар, диско клуб.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, комјутерски игри и интернет кафе, фризер се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен во целиот хотел.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, парна бања, пинг понг, мини фудбал, кошарка, одбојка на плажа.
Масажа, спа, велнес, спортови на вода, билијард, осветлување за тениски терени и опрема и часови по нуркање се доплаќаат.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, шоу програми навечер, забави на плажа.
Toucan клуб за деца од 4 – 12 години, со различни програми поделени во групи според возраста, забави преку ден и диско навечер.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
Општо
- Собна услуга
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа