Miarosa Kemer Beach

1. Turcija
2. Antalija
3. Kemer
• Miarosa Kemer Beach
• 71 слики
• Во близина на плажа
• Бесплатно WiFi на јавни површини
• Аква парк
• Анимација
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Miarosa Kemer Beach

• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Кириш на 7 km од Кемер и 56 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 361 соба во три блока еден до друг.

Стандардни соби (31 m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица).

Фамилијарна соба  со параван (37 m², една голема спална соба со еден француски кревет, поделена со параван, еден единечен кревет и една софа, макс.2+2 лица).

Фамилијарна соба (60 m², две посебни спални соби со конектирачка врата и едно купатило, макс 5 лица).

Соби со директен пристап на базен (31 m², една спална соба, едно купатило, директен пристап до заедничкиот базен, макс. 2 лица).

Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, влечки,  фен, клима уред, телефон, мини бар (вода се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ Вклучено - пијалок за добредојде по пристигнување, појадок, доцен појадок,  закуски, ручек, чај со колачи, вечера, полноќни закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, детско бифе, сладолед во определени часови во денот.

Не се вклучени: увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, шампањ, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, барови околу хотелски комплекс.

Доктор, чување деца, перење алишта, интернет, фризер, продавници, изнајмување кола се со доплата.

WI - FI интернет конекцијата во лобито е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со камчиња и песок.

Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни.

Има тунел под патот до плажата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, кошарка, пинг понг, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба се бесплатни.

Со доплата се: спа центар, масажа, салон за убавина, спортови на вода, билијард, рефлектори за тениски терени, часови по тенис.

Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација