Nirvana Mediterranean Excellence

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Kemer
  • Nirvana Mediterranean Excellence
  • 21 слики
  • За деца
  • Дете до 11,99 - бесплатно сместување
  • На плажа
  • Теретана и СПА
  • Наша препорака
  • Голем воден парк
  • Во близина на плажа
  • Аква парк
  • Наша препорака
  • Ексклузивни
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Затворен базен
  • Фамилијарни
  • Отворен базен
  • Теретана

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Nirvana Mediterranean Excellence

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Белдиби, 25 км од Анталија, 17 км од Кемер и 35 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 560 соби лоцирани во две главни згради, и приватни соби на долниот спрат.

    Хотелски дел: Стандардни соби (33м², лоцирани во главна зграда блок А, една спална, купатило, макс. 2+1 лица).

    Супериор соби (33м², лоцирани во главна зграда блок Б, една спална соба, купатило, макс. 2+2 лица).

    Фамилијарни апартмани (51м², лоцирани во главна зграда, една спална соба со дупли кревет, една дневна соба со две софи, купатило, макс. 4 лица).

    Privileged Life соби:

    Cedar Houses (лоцирани во градината, 42м², куќички на еден кат, со 1 голема спална соба со француски кревет и две софи, купатило, 2 софи, макс. 2+2 лица).

    Lagoon Фамилијарни апартмани (56 – 86м², лоцирани во градина, една спална со француски кревет, и дел за седење со две софи, едно или две купатила, макс. 4 лица).

    Lagoon Family deluxe (90м², лоцирани во градина, две одвоени спални со тераса, дневна соба, 2 купатила, макс. 5+1 лице).

    Suit Royal (129м², лоциран во градината покрај плажа, две одвоени спални, една соблекувална, дневна соба, трпезарија со кујна, две купатила и две големи тераси, делат приватен базен и приватен асистент со соседниот апартман Suit Royal).

    Vılla Cedar (86м², во градина, две одвоени спални, две купатила, дневна соба, тераса и сите вили Cedar делат еден приватен базен и приватен асистент, макс 4 лица).

    Villa Royal (152м², во градина, покрај плажа, на приземје има една дневна, трпезарија со кујна, една спална соба и едно купатило; на прв кат има две спални, две купатила, три тераси, приватен асистент, макс 6 лица).

    Villa Nirvana (400м², на плажа, на приземје има две посебни спални, соблекувална, една дневна соба, трпезарија, кујна, две купатила; на првиот кат има две посебни спални со две купатила, соблекувални, две големи тераси, приватен базен, џакузи, парна соба, турска бања и сауна, приватен асистент, макс. 9 лица).

    Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, бањарки, влечки, централна клима, мини бар кој се дополнува секој ден, електричен бокал, Nespresso сет за чај и кафе, телефон, сеф, WI – FI, сателитска ТВ, балкон или тераса. (услугата за личен асистент им стои е обезбедена за сите гости од хотелот во периодот од 08:00-24:00 часот).

  • Услуга

    Local & Healthy Ултра сѐ вклучено – нов концепт кој вклучува конзумирање на здрава исхрана - 24 часа услуга на храна и пијалоци.

    Домашни и странски алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цеден сок од портокал само за појадок, диететска и здрава исхрана, храна за бебиња од 0-3 години во било кое време, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и безглутенски закуски, Starbucks кафе.

    Не е вклучено: сите флаширани алкохолни пијалоци, специјални домашни и странски вина и шампањи, стари премиум пијалоци, услуга во соба, ланч пакети, сите вина, шампањи и специјални порачки во À la Carte рестораните (освен наливно вино), наргиле. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, телефон, факс, интернет кафе, фризер, продавници, изнајмување кола се со доплата.

  • Содржини

    Samsara - главен ресторан со шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера. À la Carte ресторани – The Sea Club (морска храна – со доплата), Welldone (стек хаус – со доплата), Ukiyo (кујна од Далечен Исток), Gusto À la Carte, Sofra (традиционална турска кујна), CH’I (веганска исхрана – со доплата), Starbucks Coffee (2 кафиња дневно), Ginger Sushi lounge (со доплата), француско кафуле, слаткарница, ресторан за бургери, Dolce Gelato Boutique (италијански домашен сладолед), The Roof (ресторан за возрасни +16).

  • Плажа

    Хотелска плажа со ситни камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи се бесплатни. Приватните павилјони на приватната плажа и приватната платформа се со доплата.

  • Спорт и забава

    14 надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца (главниот базен е со морска вода), аква парк за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, теретана, тениски терени, одбојка, кошарка, пинг понг, одбојка на плажа.

    Со доплата е: сите спортови на вода, масажа, Nirvana SPA центар, школа за нуркање, осветлување на тениските терени и опрема, куглање, билијард и компјутерски игри.

    Забавни програми во текот на денот и навечер, мини клуб за деца од 4 – 12 години со програми и анимации.

    Милениците се прифатени во LUXY PET HOTEL, изолиран од другите области на хотелот, согласно големината и расата на милениците, со доплата и на барање однапред. 

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација