Rixos Beldibi

  • Rixos Beldibi
  • 67 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Rixos Beldibi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Белдиби на 25 км од Кемер и 50 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 187 соби.

    Класични соби (33 м², една спална, едно купатило, макс. 2+1 лице).

    Фамилијарен апартман (78 м², две посебни спални, две купатила, макс. 4 лица).

    Делукс соби (65 м², една спална со дел за седење со софа и масичка, гардеробер, едно купатило, широк балкон, макс. 4 лица).

    Кралски апартман (232 м², две спални, две купатила, дневна соба, голема тераса).

    Претседателски апартман (425 м², четири спални соби, четири купатила, една дневна соба, еден салон, сауна, голема тераса)

    две соби за лица со попреченост. Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, бањарки, влечки, централна клима, телефон, мини бар (се полни со сок и пиво секој ден), сет за кафе и чај, сеф, тепих или мермер на подот, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет (обичен), балкон.

  • Услуга

    Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, À la carte појадок со претходна резервација, ручек, вечера, À la carte ресторани (Mermaid, BBQ, La Rosetta) се со претходна резервација и еднаш за време на престојот, слаткарница, сладолед, бар на плажа до 00:00 часот, ирски бар отворен до 02:00 часот.

    Сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци (сите пијалоци се оригинални брендови), сладолед во одредено време, вино во главниот ресторан, свежо цедени сокови за време на појадок.

    Не е вклучено: премиум пијалоци, Spar X и  Bonzai À la carte ресторани се со доплата, специјални локални и увозни вина.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани со италијанска, морска, француска, азиска храна и BBQ, кафé, барови во хотелскиот комплекс, ирски бар. Доктор, чување деца, фризер, продавници, телефон, факс, перење и хемиско чистење, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет (обичен) е бесплатен.

  • Плажа

    Приватна хотелска плажа со камчиња. Лежалки, чадори, крпи и душеци се бесплатни. Приватните павилјони на плажа и на платформата се со претходна резервација и доплата.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни (затворени во летниот период) базени за возрасни и деца , фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, пинг понг, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика се бесплатни.

    Со доплата се спортови на вода, часови по тенис, билијард, СПА и центар за убавина.

    Забавни програми со професионален тим во текот на денот, а навечер шоу програми. Мини клуб Rixi club за деца од 4-12 год, поделени во старосни групи, со различни програми во текот на денот, а навечер Мини диско.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација