Seven Seas Gravel Select Kemer

1. Turcija
2. Antalija
3. Kemer
• Seven Seas Gravel Select Kemer
• 55 слики
• SPA & Wellness
• Аква парк
• Анимација
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Центар на градот
• Лежалки и чадори бесплатно
• 2 деца бесплатно
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана
• На плажа

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Seven Seas Gravel Select Kemer

• Положба

Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер и на 55 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Има вкупно 332 соби во главната зграда.

Стандардни соби со страничен поглед на море во главната зграда (26-31 m², една соба со дупли кревет + софа, едно купатило, макс 2+1 лица).

Соби во делот на градината (20-23 m², лоцирани во делот на градината, една соба со дупли кревет, едно купатило макс. 2 лица).

Големи соби во градината (32 – 33 m², лоцирани во пределот на градината, една поголема соба со дупли кревет и две софи, едно купатило, макс.3+1 дете).

Фамилијарни соби во делот на градината (34 – 39 m², една спална соба со дупли кревет одвоена со врата од една дневна соба со две софи, едно купатило, макс 4 лица).

Апартмански соби (42-51 m², две соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Child friendly rooms (иста големина како и стандарните соби, со еден дупли кревет + софа и еден дополнителен кревет, едно купатило, макс. 2+2 деца).

Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, бањарка, влечки, централен клима уред во главната зграда и сплит систем кај собите во делот кај градината, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци, млеко, чоколада, чипс се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинатен под, сателитска LCD ТВ и балкон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено – 24 часа услуга на пијалаци и храна - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера и доцни закуски до изутрина. Локални и стандардни  увозни пијалаци и безалкохолни пијалаци, свежо цедени сокови за појадок, диететско и катче за здрава исхрана во главниот ресторан, детско бифе, сладолед преку ден. À la carte ресторани (турски, италијански, од далечен исток) со претходна резервација и само еднаш во текот на целиот престој.

НЕ Е ВКЛУЧЕНО: премиум увозни пијалаци VSOP коњак, свежо цедени сокови, специјални увозни и локални вина, сите флаширани пијалаци, рибен À la carte ресторан е со претходна резервација, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан Begonvil за шведска маса, À la carte ресторан – Firenze (италијански), Luanshi (од далечен исток), Cakil (за риба или месо), À la Turca (турски), Sushi Lounge, барови во целиот хотелски комплекс.

Доктор, чување деца, перална, телефон, факс, инетрнет катче, компјутерски игри, фризер, услуга за изнајмување кола и продавници се наплаќаат.

• Плажа

Приватна хотелска плажа со песок и ситни камчиња.

Чадори за сонце, лежалки и крпи за на плажа не се наплаќаат.

• Спорт и забава

Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца, тобогани, турска бања, сауна, парна бања, соба за релаксација, фитнес центар, тениски игралишта, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, гимнастика.

Со доплата се: водени спортови, центар за убавина и здравје, масажа и третмани за убавина, осветлување на тениските игралишта, школа за нуркање, приватни часови.
Забавна програма преку цел ден, натпревари со професионален тим, специјални шоу програми во вечерните часови, жива музика, специјален концепт за забава. Gravel age детски клуб- мини клуб за деца од 00 - 12години, поделени во групи според годишната возраст со специјална програма.

Хотелот е реновиран во 2021 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација