Sherwood Exclusive Kemer

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Kemer
  • Sherwood Exclusive Kemer
  • 70 слики
  • Опкружен со зеленило
  • За деца
  • Дете до 11,99 - бесплатно сместување
  • На плажа
  • Теретана и СПА
  • Наша препорака
  • Аква парк
  • Бесплатно WiFi
  • Наша препорака
  • Затворен и отворен базен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • Фамилијарни
  • Песочно-камчеста плажа

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Sherwood Exclusive Kemer

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 9 км од Кемер, 45 км од центарот на градот Анталија и 55 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 492 соби во главната зграда и 45 вили (два или три ката).

    Стандардни соби (30 м²; една спална соба со дупли кревет или два единечни + една софа, едно купатило, макс. 2 + 1 дете).

    Супериор соби (38 м², една спална соба со дупли кревет или два единечни, еден единечен кревет и една софа, едно купатило, макс.2+2 деца).

    Лагуна Соби (20 м², лоцирани на приземје во градината, една спална соба со еден дупли кревет + една софа, едно купатило, нема директен влез во базен од тераса, макс.2+1 дете).

    Лагуна Супериор соби (45 м², сместени на приземје, една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет + софа, едно купатило, нема директен влез во базен од тераса, макс.3+1 лице).

    Делукс соби (30 м², лоцирани на 2 или 3 кат, една спална соба со еден француски кревет + една софа, едно купатило, макс.2 + 1 лице).

    Делукс Супериор соби (38 м², лоцирани на 2 или 3 кат, една спална соба со еден француски кревет + единечен кревет + софа, едно купатило, макс. 2 + 2 деца).

    Фамилијарен апартман (60 - 70 м²; две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 4 лица).

    Соби со директен пристап на базен (swim up) (40-45 м², една спална соба со француски кревет + една софа, купатило, макс.2 лица, директен влез во базен од тераса).

    Дуплекс апартман (60-70 м², во главната зграда, поглед на копно, една дневна на првиот кат кат, може да биде спална соба со две софи; на вториот кат еден француски кревет, две купатила, макс.4 лица).

    Дуплекс Фамилијарен апартман (60-70 м², се наоѓа во главната зграда, поглед на море, една дневна на прв кат, може да биде спална соба со две софи, на втор кат, еден француски кревет, две купатила, макс.4 лица).

    Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина и фен за коса, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, ламинат (само собите на приземје имаат керамички под), мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се полнат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција во собите е бесплатна, балкон или тераса.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро, ручек, попладне колачи и торти, сладолед во одредено време, вечера, полноќна закуска, детско катче, диететско катче, слаткарница, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни, свежо цеден сок само за време на појадок.

    Не е вклучено: специјални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови (освен за појадок), À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, енергетски пијалоци, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан Fusions за шведска маса, À la Carte ресторани со турска, италијанска кујна, кујна од Далечен Исток и рибен ресторан, лоби бар, витамин бар, барови покрај базен и на плажа.

    Доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. WI-FI интернет во сите простории е бесплатен.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Надворешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, пинг понг, мини голф, кошарка, одбојка на плажа се бесплатни.

    Спортови на вода, масажа, СПА и центар за убавина, рефлектори за тениски терени, билијард, компјутерски игри се доплаќаат.

    Богати забавни програми во текот на денот и шоу програми и натпревари во вечерните часови. Има мини клуб за деца од 4 - 12 години, детско игралиште, мини диско и тинејџерски клуб од 13 - 17 години.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација