Simena Comfort Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Kemer
• Simena Comfort Hotel
• 92 слики
• Опкружен со зеленило
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Simena Comfort Hotel

• Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Чамјува, на 10 km од Кемер и 65 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 269 соби во хотелска зграда и во вили.

Главна хотелска зграда:

Стандардна соба (36 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2 +1 лице).

Делукс апартман (72 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со простор за седење, одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Кралски апартман (72m², една спална соба со француски кревет и џакузи во собата, една дневна соба одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби се со балкон, поглед на градина, базен или поглед на планина, сопствено купатило со туш кабина, систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци и пиво се дополнува секој ден), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет конекција..

Вили:

Lake супериор соби (20-25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс. 2+1 лице).

Lake  фамилијарен апартман (41m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).

Lake Swim up супериор соби на кат (20-32 m², една спална соба, едно купатило, макс.3 лица, скали од балконот).

Lake Swim up фамилијарен апартман (41 m², две одвоени спални соби, едно купатило, директен пристап до базен, макс.4 лица).

Garden superior соби (22-25 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, едно купатило, макс.2+1 лице).

Garden Superior фамилијарен апартман (43 m², две посебни спални соби, едно купатило, макс.4 лица).

Deluxe Duplex 200 m² вила (200 m² , две спални соби, една дневна соба, три купатила, кујна, макс. 6 лица).

Сите соби се со балкон, поглед на градина, базен или поглед на планина, сопствено купатило со туш кабина и фен, влечки, систем за климатизација, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалаци на пристигнување, а потоа се доплнува само со вода), сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција.

• Услуга

Премиум сѐ вклучено – 24 часовна услуга со храна и пијалаци, шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски, ручек, попладневни закуски, вечера, полноќно бифе, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови во текот на денот, снек бар на плажа од 09:00 до 18:00 часот.

Не се вклучени: увозни пијалаци кои не се на мени листата, премиум увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, лоби бар, снек бар на плажа, À la Carte ресторани - италијански, рибен и турски кујни во различни денови од неделата, барови низ целиот хотелски комплекс.

Доктор, продавници, фризер, телефон, факс, интернет, чување деца, перење алишта и хемиско чистење се доплаќаат.

WI-FI интернет е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 250 метри од хотелот и 500-700 метри од делот на вилите, со бесплатни крпи, лежалки и чадори за сонце.

Има бесплатен трансфер до плажа.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени, детски базени, два тобогана, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, пинг-понг, одбојка, кошарка се бесплатни.

Се доплаќа: спортови на вода, масажа, СПА и центар за убавина, осветлување на тениски терени и опрема.

Забава со дневни програми и вечерни шоу програми.

Мини клуб за деца од 4 - 12 години, детско игралиште, програми во текот на денот и мини диско навечер.

Хотелот е реновиран во 2023 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација